Измните беа изгласани околу 2:30 часот по полноќ.
Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства.
Собраниската седница синоќа продолжи и по полноќ, а гласањето се одржа околу 2 часот и 30 минути ноќта помеѓу петокот и саботата на 7. и 8. јуни.
Измените, кои во средата на 5. jуни ги предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање влада Христијан Мицкоски, се носеа во скратена постапка. „За“ гласаа 88 пратеници, а „против“ беа 22.
Станува збор за измени на Законот за организација и работа на органите на државна управа за што е потребно двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 од 12о-те гласа колку што има пратеници цо Собраниетона Република Северна Македонија.