Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со поддршка од ЕУ почнува иницијатива за формирање „Организација за управување со дестинација“

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единаесет општини од Вардарскиот и Југоисточниот плански регион со поддршка на ЕУ почнуваат иницијатива за формирање „Организација за управување со дестинација“ (ОУД) и се поврзуваат со донатори, граѓански организации и приватни компании со цел развивање висок потенцијал за различни видови туристички активности, како што се вински и културен туризам, пешачење, велосипедизам, риболов, здравствен туризам и многу повеќе.

Активноста се спроведува во рамки на Програмата „ЕУ за општините“ која е финансирана од Европската Унија.

За таа цел утре во Демир Капија ќе биде потпишан Меморандум за разбирање од страна на Програмата „ЕУ за општините“, француските организации „Alsace Destination Tourism“ и „Association Alsace-Macédoine“ и од градоналниците на општините Велес, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Лозово, Неготино, Росоман, Чашка, Богданци, Валандово и Гевгелија.

На потпишувањето ќе му претходи работилница организирана од Програмата „ЕУ за општините“, предводена од експертите Марк Леви, генерален директор за туристички дестинации во областа „Алзас“ во Франција, Жак Шлиф, почесен конзул на Северна Македонија во Франција и Ане Синдик, поранешна директорка на Агенцијата за регионален развој на округот Дубровник-Неретва.

Досега Вардарскиот и Југоисточниот плански регион имаат добиено разновидна поддршка од повеќе донатори за теми поврзани со развојот на туризмот. Регионот беше дел од проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРК) финансиран од Европската Унија (ЕУ). Извештајот за евалуација на проектот ја нагласува важноста од формирање на регионална „Организација за управување со дестинација“ (ОУД) во овој регион за да се зголеми неговата видливост на национално и меѓународно ниво и да се искористат синергиите меѓу локалните актери.

ЕУ ЕУ за општините развој на туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.