Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година – 358.800.000.000 денари

0
By Zoran Ivanov on December 11, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП ….

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.