НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието изгласа: Минимална плата од 18.000 денари, се бара усогласување на останатите плати

0
By Ivana on February 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вчерашното изгласување на измените на Законот за минимална плата станува реалност барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Со тоа, околу 80.000 работници во земјава со мартовската исплата во април ќе земат повисока минимална плата за околу 2.800 денари.

Законските измени добија поддршка од сите пратеници, иако во текот на тридневната дебата можеа да се слушнат различни мислења од пратениците од партиите на власт и од опозиција. За првите, законското решение е добро бидејќи со него се подобрува животниот стандард на околу 80.000 работници кои земаат мининална плата, додека ставот на опозицијата е дека ќе дојде до урамниловка ако се зголеми само минималната, а не и останатите плати.

Изгласувањето на законското решение го поздрави премиерот Димитар Ковачевски, кој преку Фејсбук оцени дека зголемувањето на минималната плата ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.

– Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност! За многу кратко време, од 4,25 минимални плати кои беа потребни во 2016 да се покрие потрошувачката кошничка, денес стигнавме до момент кога со 2 минимални плати се покрива целата потрошувачка кошничка. Нам како Влада ни е најважно сега, во услови на криза, секој денар од буџетот ефикасно да го користиме и да го пренасочиме кон граѓаните и стопанството, напиша Ковачевски, најавувајќи зголемување  и на пензиите.

Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат дека зголемувањето на минималната плата позитивно ќе влијае и на останатите плати, а со променетата методологија на усогласување на минималната плата ќе се гарантира одржливост и континуиран раст на минималната плата. Усогласувањето ќе се врши според следните критериуми – 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од трошоците за живот, а висината на минималната плата нема да смее да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

– Очекуваме ова законско решение да влијае позитивно и на останатите плати во другите индустрии, со што се подобрува стандардот на граѓаните. Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа  во  2017/2018 година на 12.000 ден, во  2019 година на 12.507 ден, во 2020 на 14.500 денари и во 2021 на 15.194 ден. Сега со новиот предлог, од март 2022 година, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Со оглед на тоа дека методологијата е промената очекуваме и зголемување на продуктивноста на трудот, изјави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Зголемувањето на останатите плати, според Тренчевска, не е предмет на овој закон, туку на матичните закони и на колективните договори.

И од СДСМ го оценија како позитивен чекор зголемувањето на минималната плата во услови на економска и енергетска криза. Пратеничката Санела Шкријељ во изјава за медиумите го поздрави потегот на опозицијата да даде поддршка на законското решение и ги повика да гласаат и за Предлог-измените на Законот за наставници и стручни соработници.

– Грижата за работниците е наш врвен приоритет бидејќи тие се наша најголема вредност. Затоа за само четири и пол години успеавме двојно да ја зголемиме минималната плата, којашто во 2017 година изнесуваше само 8.800 денари. Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори. Го поздравувам потегот на пратениците од опозицијата кои го поддржаа ова законско решение и ги повикувам да ги поддржат и Предлог-измените во Законот за наставници и стручни соработници кој овозможува повисока плата за уште 27.000 наши граѓани, изјави Шкријељ.

Зголемувањето на минималецот ќе биде потпомогнато од страна на државата која ќе одвои пари од Буџетот за да ја покрие разликата во придонесите до крајот на годината.

– За спроведување на Законот за минимална плата до крајот на годината ќе  бидат потребни 939.645.000 денари од Буџетот на Република Северна  Македонија. Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари. Предвидената финансиска помош од Буџетот на Република Северна Македонија се однесува за периодот март-декември 2022 година и таа ќе биде во износ од 1.197,00 денари. Притоа, се дефинира дека оваа финансиска помош им се обезбедува на работодавачите за работници на кои основната плата ќе се исплаќа до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 ден, изјави вчера Тренчевска.

Предлог-измените на Законот за минимална плата беа доставени до Собранието откако по неколкудневни преговори на Економско-социјалниот совет на 7 февруари беше постигнат договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

По обелоденувањето на договорот за зголемување на минималната плата реагираа дел од синдикатите укажувајќи дека мора да се зголемат и останатите плати. Конфедерацијата на слободни синдикати остави простор до средината на март да се реши ова прашање, а во спротивно најави радикализирање на идните чекори.

За сабота предупредувачки протест веќе најавија независните синдикати на полицијата и на армијата кои бараат усогласување на платите во однос на новиот закон за минимална плата.

– Очекуваме дека оваа 2022 година после покачувањето на минималната плата од 15.174 денари на 18.000 денари, конечно Министерството за внатрешни работи ќе сфати дека усогласувањето на платата како што е предвидено од постоечките законски регулативи ќе го смета за вработените и со секое покачување на минималната плата ќе има и порамнување на платите. Не бараме ништо повеќе, бараме само почитување на законите кои се однесуваат за платите на вработените во полицијата, изјави вчера претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев.

Доколку нема реакција од институциите по предупредувачкиот протест, од Независниот синдикат на професионални војници најавија дека војниците со шатори ќе протестираат пред Владата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.