Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието изгласа: Продолжена е кризната состојба со топлинска енергија во Град Скопје

0
By Ivana on February 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието со 59 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, во рамки на 63-та седница.

Кризната состојба ќе трае до 30 април 2022 година.

Владата, конкретно Електрани на С Македонија, треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто зголемена.

За опозицијата, граѓаните не треба да плаќаат повисоки сметки поради несовесното работење на Владата, односно институциите кои не знаеле како да ја менаџира енергетската криза. За владејачкото мнозинство, Владата навремено и ефикасно одговара на сите предизвици, во интерес на граѓаните и стопанството.

Министерот за економија Крешник Бектеши образложи доколку оваа криза би била оставена на одговорност на Град Скопје и со оглед на инфраструктурата на десетте скопски општини, тогаш би пропаднал целиот електроенергетски систем во земјава поради тоа што трафостаниците во овие општини не се во состојба да добијат дополнителен капацитет ако се премине од централно греење со топлинска енергија во греење со електрична енергија. Тој ги повика пратениците да ја поддржат оваа Предлог-одлука.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска рече дека во моментов во државата има четири кризни состојби, за кои Владата не чувствува одговорност туку вината ја префрла на друг.

– Енергетската криза е светска, пандемијата е светско зло. И тоа е така. Меѓутоа, сигурно дел од вината има и власта на СДСМ и ДУИ. За енергетската криза, досега се платени 170 милиони евра. За да им биде појасно на граѓаните, кризата се прогласува за да може да се префрлаат парите од буџетот во Електрани на Македонија. И кој е виновен сега? Виновно е ВМРО-ДПМНЕ? Виновен е цел свет само СДСМ и ДУИ не се виновни. Моменталното управување од БЕГ го презеде Електрани на Македонија. Ова сега продолжување до 30 април, не е за купување на гас, туку да се субевнционираат средства за сметките за парно за домаќинствата кои се кренати за 20 отсто, рече Ангелевска.

Според неа, ЕСМ е пример за неработење и опозицијата се сомнева дали парите од буџетот ќе стигнат таму каде што треба.

Ангеловска посочи дека според донесена одлука, училиштата ќе треба сами да си ги плаќаат сметките, оти образованието е изземено од оние на кои им се помага. Таа праша дали за сметките на училиштата треба да се погрижат општините, кои со последните локални избори повеќето се раководени од градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во реплика до Ангеловска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека енергетската криза е криза која мораме сите заедно да ја споделиме.

– Криза за која Владата треба да ја даде максимумот наспроти локалната самоуправа. Не може ниту една локална власт да не направи ребаланс и дел од средствата да ги насочи кон кризата, а за сè друго да бара од Владата. Не може општините кои комуналните такси треба да ги собираат според закон, да ги ослободуваат граѓаните и компаниите, а да не сметаат дека учениците треба да се греат. Затоа, сите заедно да имаме споделена одговорност, истакна Спасовски.

Тој потсети на одлуката во 2012 година во која се даде налог да се формира БЕГ да се преземе Топлификација-Скопје, спротивно на законот, за што во 2019 година се поднесени кривични пријави.

– Затоа Скопје нема таква топлинска енергија каква што треба да има. Дел од луѓето кои ги издавале таквите наредби денес го собираат кајмакот, а скопјани седат со ладни простории, рече Спасовски.

Пратеникот Иван Стоиљковиќ рече дека никој во државата не понесе одговорност за кризната состојба.

– Компаниите не сработиле ни струја ни гас и на тие исти компании Владата им дава пари да набавуваат енергенси, рече Стоиљковиќ, кој рече дека директорите на компаниите треба да бидат сменети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.