НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската седница за предлог преговарачката рамка продолжува утре во 11 ч., уште тројца пратеници, па гласање

0
By Sashko on July 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од француското претседателство, ќе продолжи утре во 11 часот.

Во Собранието и денес напнато, опозицијата со вувузели и навреди кон владејачкото мнозинство

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца пратеници кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка.

СДСМ ги повика пратениците да гласаат за францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за предавство

Во собраниската сала и вечерва атмосферата беше проследена со прозивки и обвинувања од двата табора. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија. За разлика од нив од владеачкиот табор смируваа дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

(Видео) Костовски од СДСМ и Апасиев се зaтуркаа во Собранието, Мисовски и Адеми ги раздвојуваа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јарески рече дека 73 отсто од народот е против овој договор.

„Имате надвор народ на улиците, деноноќно, експерти, членови на сите партии, активисти, загрижени граѓани за  нивната иднина. Сите во еден глас кажуваат освестете се и не го прифаќајте ова. Почеток за преговори нема, бидејќи барањата за преговорите немаат крај, и бараат да се отвори Уставот, но тоа нема да се случи. Овој договор е ништовен, ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги штити интересите на Македонија и Македонците“, истакна Јарески.

Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече „сите сме за тоа да бидеме дел од европското семејство, но битно е под какви услови“.

(Видео) Не мафтај со прстот оти може да ти биде скршен, му рече Џафери на Апасиев

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, нема никакви гаранции дека ќе нема натамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив, посочи таа, барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ, реплицирајќи на обраќањето на пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и обраќајќи се до пратениците од таа партија, рече дека оваа држава ќе оди напред.

„Никогаш нема да ја вратите оваа држава назад“, порача Георгиевска.

Пратеничката од СМСМ, Санела Шкријељ, истакна дека во изминатиот период од 11 години, додека владееше ВМРО-ДПМНЕ, не решиле ниедно важно прашање.
„Седнете и добро прочитајте и ако и мислите добро на оваа држава, гласајте за овие заклучоци што значат гаранција за македонскиот јазик и идентитет и јазик. Во спротивно покажувате дека не ви е гајле ни за јазик, ни за идентитет, ни за историја“, изјави Шкријељ.
Дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија почна вчера во Собранието.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.