Мноштвото новинари кои пристигнаа во Сочи во хотелите доживеаја вистинско изненадување. Твитер беше преплавен со фотографии од нивните хотелски соби со детали на кои не се надевале.
Од упатства за тоалетната хартија да се фрла во кантата за смет, а не во WC шољата, па се до матната вода која тече од чешмите.
Инаку само шест од девет хотели за новинарите се подготвени да ги примат гостите, а дел од хотелите се уште не се ни потполно изградени. Како што објавува Washington Post, дел од новинарите сведочат дека во хотелите во кои биле сместени има кучиња скитници.