Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сочувство од светски и државници од регионов-цвеќиња, свеќи и играчки пред македонската амбасада во Софија

0
By Ivana on November 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Низ македонските амбасади во голем број држави знамињата се спуштени на половина копје, а во амбасадата во Софија уште од изутрина граѓани оставаат цвеќиња, свеќи и играчки. Сочувство за огромната трагедија изразија и голем број светски и државници од регионов.

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнс со сочувство за жртвите.

„Во име на американската амбасада сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски и наша поддршка за повредените, како и до оние кои беа скршени од тага кога дознаа за овој трагичен настан“, истакна Кејт Мери Брнз.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир изрази длабоко сочувство.

„Нашите мисли во ова време, се со семејствата и пријателите на оние кои починаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утринава. Посакуваме целосно и брзо опоравување на повредените“, вели Дејвид Гир.

Сочувства за изгубените животи во автобуската несреќа пристигаат и од голем државници. Претседателите на Европскиот совет Шарл Мишел, парламент Давид Сасоли, на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изразија сочувство за загинувањето на 46 лица.

„ЕУ е солидарна со вас во овие ужасни времиња“, посочи Урсула фон дер Лајен

Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо со сочувство до претседателот Стево Пендаровски.

„Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на гтраѓаните на вашата земја вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајната несреќа во Бугарија“, порача Владимир Путин.

Сочувство изрази и претседателот на Албанија Илир Мета кој наведе дека е голема и длабока тагата за трагичната загуба на жртвите од несреќата. Албанскиот премиер Еди Рама напиша дека е огромна болката за загубените животи.

„Не постои збор за трагедија на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде животот го загубија речиси сите патници…. Болка“, додава Еди Рама.

Косовскиот премиер Албин Курти изрази целосна подготвеност за да понуди било каква помош, а претседателката Вјоса Османи со пораки за утеха до семејствата.

„Република Косово пред само кратко време доживеа ваква трагедија и добро знае колкава е болката, но и потребата да се реагира брзо, па ќе останеме блиску до нашите пријатели во овие тешки моменти“, истакна Вјоса Османи.

Неверување и тага за страшната вест изрази претседателот на Србија Александар Вучиќ преку телеграмата упатена до Пендаровски и Заев.

„Не постојат зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот братски народ“, вели Александар Вучиќ.

Длабоко сочувство и тага за трагичната несреќа во Бугарија упатуваат и лидери и претставници на политичките партии во земјава, како и голем број јавни институции и организации.

Во раните утрински часови автобус на Беса Транс се преврте на автопатот Струма во Бугарија при што загинаа 46 лица, а 7 се повредени и се на лекување во софиската болница. Голем дел од загинатите се деца и млади луѓе кои за продолжениот викенд биле во Истанбул. Од рано изутрина таму е премиерот Зоран Заев и министрите за здравство Венко Филипче и за надворешни работи Бујар Османи. Tие ги посетија повредените, а за причините за несреќата очекуваат тоа да го соопштат бугарските служби.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.