Објавен е првиот трејлер за филмот „The Bling Ring“, најновиот филм во режија на Софија Копола во кој главната улога ја толкува Ема Вотсон.
Приказната во филмот е заснована на вистински настани што се случиле во периодот од 2008 и 2009 година кога група тинејџери од Лос Анџелес ги ограбувале домовите на славните личности и се здобиле со плен вреден 3 милиони долари.
Премиерата на филмот е закажана за 14 јуни.