На 9-ти јуни Бугарија повторно на избори.
Овој пат истовремено на парламентарни и за европскиот парламент.
Ова на прес конференција утрово во Софија го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев кој на јавноста и го престави и новиот министерски состав со мандат до нова редовна влада која би се формирала по јунските избори.
За шеф на владиниот кабинет, Радев го именува Димитар Главчев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.