НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата​, велат од МТСП

0
By Sashko on April 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со одлуката за продолжување на штрајкот, СОНК повторно ги става личните интереси пред интересите на децата и учениците. Затворените градинки и училишта не носат ништо добро за учениците и децата, ниту за родителите кои не можат да ги згрижат своите деца во градинките, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика по денешната одлука на Советот на СОНК да не ги прифати заклучоците од вчерашната седница на Владата, и да продолжи штрајкот се додека не се договори со МОН и МТСП и не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања.

„Ги повикуваме СОНК уште еднаш да си ја преиспитаат одлуката и да го почитуваат правото на децата за пристап до образование, како и непречено одвивање на дејноста згрижување и воспитување на децата. Владата, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука покажаа отвореност и подготвеност за решавање на ова прашање, преку конкретни предлози кои истовремено значат трајно и системско решавање на усогласувањето на платите во образованието и предучилишното воспитание и процент на зголемување на платите со ребаланс на буџетот, земајќи ја превид светската економска и енергетска криза“, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Воедно, Министерството во врска со денешната прес конференција на СОНК, ја информира јавноста дека одлуката за организирање на генерален штрајк од страна на СОНК е донесена заради усогласување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на деца, со порастот на минималната плата, согласно член 8 од Закон за минимална плата. При тоа наведуваат дека во член 8 од Закон за минимална плата е уредено дека, колективните договори се усогласуваат во рок од шест месеци. Тоа што одлуката за организирање на штрајк е донесена пред истекот на рокот, значи дека не станува збор за прекршување на работнички права, туку за барање за  унапредување на права од работен однос, посочуваат од МТСП.

Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на деца, како што се наведува во соопштението, во член 72 уредува дека правото на штрајк работниците го остваруваат согласно закон. Во ставот 2 од истиот член се вели дека за време на штрајк работодавачот е должен да им уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Истото ова е регулирано и во член 240 од Законот за работни односи, а членот 241 дава можност организаторот на штрајкот од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.
„Од ова на денешната прес конференција на СОНК, произлегува дека со цитирање на членови од Колективен договор кои не содејствуваат со реалната состојба, и кои се однесуваат на услови на штрајк кога се прекршени работнички права и кои не се однесуваат на детската заштита(градинките), СОНК ги става во заблуда штрајкувачите во градинките и образованието. Од тие причини тоа не претставува ниту уцена ниту закана, туку едноставно почитување на законите во државата“, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.