На конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието.
Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата.
Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада, соопшти попладнево Кабинетот на претседателот на Собранието.
Оваа практика, како што е посочено во соопштението, не се случува за прв пат, а записите за минатите собраниски состави укажуваат на слични констатации и тоа за мандатните периоди 1998-2002, 2002-2006 и 2006-2008 година, стои во соопштението од Кабинетот на Претсаедателот на Собранието на Република Северна Македонија.