Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соросови сатани надвиснале над ангелите на Груевски

1
By Биљана Секуловска on January 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во библиотеката на рударско- економскиот колеџ во Варкува, Русија, биле пронајдени 53 книги. И тоа не какви било книги.

Не, другари, немојте да бидете наивни. Тоа се книги од најопасниот вид, оној вид кој мора да се сотре, но со посебен жар, во буквална смисла, да пламнат и да изгорат до последната буква, за да не остане траг, па ако треба ниту пепел.

Ех, да. Тие 53 книги пронајдени во непријателска библиотека во далечниот руски колеџ, биле издадени со поддршка на фондацијата на Сорос, која во путинистичка Русија е прогласена за непожелна.

Што може друго да се направи под такви дрски околности, кога субверзивните материјали се закануваат на демократски пресушеното здравје на Путин?

Се палат, другари, токму тоа, се запалуваат овие 53 книги, нека горат во пеколот, заедно со авторите, особено би било згодно ако и самиот Сорос во тој момент престојува во некоја од страниците.

Дури и буквата С е опасна за здравјето и сонот на еден демократски пигмеец, нели Груевски?

Овој чин на палење книги не е симболичен, о, не, најмалку е тоа. Во царството на Путин растат, се размножуваат и проодуваат многу демократски џуџиња. Сите имаат исти војнички препораки, делуваат како платени убијци, како мозоци на Легијата на странците.

Имаат една, отсечно соопштена команда- да се запалат сите забранети книги, за да не излезе ниту еден жив човек од нив, за тој човек никогаш да не посака да види поинаква температура од онаа која е препорачана за палење книги- Фаренхајт 451.

Во оваа книга, Бредбери говори за една жена, која во палењето на книгите видела добра прилика да се отараса од џелатите:

“Мора да има нешто во книгите, нешто што не можеме да го замислиме, за една жена да ја натера да остане во запалена куќа; мора да има нешто. Не остануваш попусто.”

Што да се прави, овие денови, кои по силата на милоста имаа предиспозиција да бидат безгрижни и празнични, станаа  особено податни за Груевски, во распалување омраза и блуење бес и гнев кон критичарите.

Крилјата на Груевски се пред себе поклопија, дури и она малку надеж што преостана дека деновите на омраза му се трошат, но тој поинаку и не знае да живее,  затоа и ни го испорача мега- интервјуто за Република.

Досега ова, барем да е  историско интервју, има четири продолженија, но без паника, полека, нема место за разочарувања. Деновите се пред нас, претстојат нови томови, нови повици за палење на соросовите вештерки, нови закани за расчистување, остранување и пресметување.

“Кога се палат книгите, горат коските на човештвото.” (Не се сеќавам кој е авторот, но е добра прилика да се потсетиме) Токму затоа, ниту една книга нема да биде запалена која сведочи за владеењето на Груевски. Човештвото мора да има траги, докази, дека човечноста не живееше тука, во оваа мрачна земја под негово владеење. Но, мора и да знае историјата- времињата не беа мрачни, затоа што ние не молчевме.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.