НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалдемократите, конечно, се враќаат дома

0
By Ана Василевска on November 11, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Во недостаток на „културни содржини“, ете, гледаме митинзи; ги гледаш едните, ги гледаш и другите. Ајде вака да ги дефинираме: луѓе од оваа и луѓе од онаа страна на оградата. Кога ќе се обидеш да ги споредиш „два су света различита“, што би рекол Тома Здравкович.

Знаете, да бидеме веднаш искрени и отворени: таму кај што на дивјаштвото не му се спротивставуваш, ама и таму измеѓу човечноста и дивјаштвото не ставаш дебела црта која не смее да се премине, освен во еден правец, таму ништо освен слободно дивајштво не може да има.

Затоа луѓето од една и луѓето од друга страна не можат да бидат „исти“, без разлика колку во таа насока се трудат оние кои не припаѓаат на ниту една од овие две страни, и тоа се луѓе кои припаѓаат на онаа млитава и малограѓанска памет со нивниот мал (или голем) „ќар“. Затоа и овие фини социјалдемократи кои „се враќаат дома“, и за кои денес ќе (по)зборувам, не можат да бидат исти со оние другите, ултра-десничарите, ама има и една „тајна врска“ за која, нели, не е неважно да се обидеме да ја откриеме.

Имено, митингот во Струмица беше одличен, пристоен и дефиниран: Северна Македонија во Европа. Безусловно. Затоа што, внимавајте: не може национализам и Европа. Оној момент кога ќе се растурат правците, односно кога ќе се намалат Европските ориентации, вие добивате засилена националистичка реторика. И главниот проблем на засилената националистичка реторика не се обичните конзервативци и десничари, туку нивните идеолози. И тие треба да се расформираат.

Националистите својата државност ја темелат во ново пучирање на Уставот, својата државност ја темелат во неприфаќање на Бугарите. Или да бидам крајно прецизен: тие се Македонци само затоа што не се Бугари. Кога овој проблем со Бугарите ќе се реши, националистите повеќе нема да бидат Македонци затоа што нема кој од другата страна да ги провоцира. Тоа е целата приказна.

Прво самите ќе се претставите како жртва, а потоа тргнувате да произведувате жртви. Така работи национализмот, тоа е прастара националистичка матрица.

Од друга страна ја имаме таа социјалдемократија која се обидува сè да решава мирно. Дури ниту јас сакам да замислувам поинакви сценарија освен сценарија на мир и дијалог. Подобро да се расправаме со „повишена реторика“ отколку работите да тргнат наопаку. Дури и самата идеја, без разлика колку звучи идиотски, претставува утешителна награда: ќе ги решаваме работите во мир за да не ги рeшаваме работите со војна. Само ме чешка носот, ако ме разбирате што сакам да кажам. Со десницата никогаш не си на чисто.

Социјалдемократија имено, за неа стануваше збор, се залага за цивилизациски исчекор: дајте да ги ставиме во Устав Бугарите и продолжиме на патот на Евроинтеграциите. Од друга страна, важно е да се растура и националистичкиот наратив: нивната приказна со „националниот идентитет“ е друго име за класна војна. Не се националистите мутави, знаат дека тоа колективно тело во идентитетска смисла е неменливо, исто, тоталитарно, вечно. Само ја „хистеризираат“ таа маса за да биде во позиција на жртва.

Северна Македонија отсекогаш беше „светска“ земја, отсекогаш беше интернационалистичка земја, ама десничарите сакаат да ја држат во дупка, сама, уплашена и зависна, не од Европа, зависна од нејзините националистички елити. Тие елити така живеат и дебело профитираат.

Не постојат етнички и верски поделби. Сè тоа е ништо друго освен маска за нов злостор или нова пљачка. Тука мора да бидеме на чисто. Социјалдемократите кои конечно се „враќаат дома“, верувам дека ова го знаат. И уште верувам дека социјалдемократите знаат дека националистичкото се победува само со нешто поголемо од национализмот, а тоа е социјалната солидарност. Социјална солидарност може да биде многу посилна од национализмот.

Ако социјалдемократите кои се „враќаат дома“, на оваа земја ѝ понудат силна социјална солидарност, тогаш националистите нема каде да побегнат. Нема да можат ниту да се вратат во своите ровови и да пукаат со националистички стрели, терен за кој единствено знаат и терен кој ќе им донесе власт и пари за нив, а беда, кавги и поделби за сите останати.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.