Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на амбасадори: Преговарачката рамка без историските прашања, јазикот и билатералниот протокол

0
By Sashko on June 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на амбасадори смета дека во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е неуспехот од изминатите години – Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатски статус, додека Косово не доби визна либерализација.

Во однос на предложената преговарачка рамка од Франција, Советот на амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со Европската Унија (ЕУ), но со неколку забелешки.

Билатералниот протокол, кој инаку не е потпишан од претставниците на заедничката комисија, а усвоен од страна на Собранието на Бугарија, не смее да остане во заклучоците на Европскиот совет, бидејки ќе и овозможи на Бугарија, постојано да се повикува на контраверзните делови на овој документ.

Советот уште еднаш подвлекува дека историските прашања не треба да бидат составен дел на Преговарачката рамка.

Што се однесува до најчуствителното прашање на идентитетот, а тоа е јазикот, доколку Бугарија инсистира на непризнавање на македонскиот јазик, треба јасно да се даде до знаење дека граѓаните, политичките и државните институции на нашата држава ќе ја отфрлат таквата Преговарачка рамка. Инаку според францускиот предлог, јазикот на преведување на актите на Унијата е  македонски и тоа не може да биде предмет на преговори.

Советот на амбасадори смета дека „е ирационален и нереален предлогот на Софија, како conditio sine qua non да се условува отворањето на Уставот заради внесувањето на самоосвестените Бугари од Северна Македонија во Преамбулата на Уставот пред отпочнувањето на преговорите“.

„Повеќе од јасно е дека во овој миг не постојат реални претпоставки за достигање на двотретинско мнозинство. Сметаме дека ова прашање треба да се реши при завршетокот на преговорите или во некој поволен моментум“, се наведува во соопштението.

Советот смета дека ЕУ треба да и гарантира на Северна Македонија дека нема да ги прифаќа останатите новонастанати предлози на бугарската страна оти таквиот потег би личел на игри без граници.

Советот на амбасадори апелира до сите политички субјекти без оглед на нивната идеолошка припадност, во соработка со невладиниот сектор да направаат напори за создавање заеднички ставови во надворешната политика за прашања од државен интерес сè со цел земјата успешно да ги надмине пречките во нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.