Њујорк: Членките на Советот за безбедност на ООН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност.
Во септември 2011-та година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи пристапување на државата Палестина во ОН, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на држава набљудувач која не е членка на ООН.