Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советниците на СДСМ ја напуштија седницата на Град Скопје

0
By Сашка Цветковска on November 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советничка група на СДСМ ја напушти седницата на Град Скопје на чиј дневен ред беше ставена точката за одлуката за концесионер на депонијата „Дрисла“.

Советниците на СДСМ побараа да се тргне оваа точка од дневниот ред, бидејќи според нив, претставува кривично дело, односно неспроведување на судска одлука.

Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ гласаше против предлогот на СДСМ. Во монетов тече расправата во советот на Град Склопје за избор на нов концесионер на „Дрисла“.

Како што НОВА веќе објави Германската амбасада остро реагираше на одлуката на комисијата составена од градот Скопје со која тие повторно го избраа италијанскиот конзорциум за концесионер на депонијата „Дрисла“.

На прашање на НОВА како ќе ја коментираат одлуката со оглед на фактот дека Управниот суд веќе донесе одлука во корист на германската фирма која беше второрангирана на тендерот и која се жалеше на нерегуларности, од Амбасадата велат дека ваквото однесување на градските власти ќе ја загрози правната сигурност за потенцијалните германски инвестиции.

„Шолц“ беше второрангирана на тендерот на Градот Скопје за концесионер на депонијата „Дрисла“. Тие се жалеа пред Вишиот Управен суд на низа пропусти во постапката за избор на концесионер. Судот со својата одлука од Јули годинава ги потврди сомнежите околу изборот на победникот за кои пишуваа и медиумите. Документите докажуваа дека победничката фирма од Италија „ФЦЛ Амбиенте“ е регистрирана два дена пред отворањето на понудите, а во регистарот на компании во Италија се водела како неактивна фирма. „Шолц“ приложи и документи од италијанските судови кои потврдуваа дека партнерот „Униеко“ во март годинава влегол во претстечајна постапка. Се појавија низа пропусти за кои НОВА пишуваше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.