Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на град Скопје повторно ги изгласа Италијанците за Дрисла

0
By Сашка Цветковска on November 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Советниците на ВМРО – ДПМНЕ без присуство на советниците на СДСМ кои ја напуштија седницата на Град Скопје го изгласаа старо-новиот концесионер за депонијата „Дрисла“, тоа е контроверзниот конзорциум од Италија составен од фирмите ФЦЛ Амбиенете и Униеко.

Барањето на советниците на СДСМ да се тргне оваа точка од дневниот ред, бидејќи според нив, претставува кривично дело, односно неспроведување на судска одлука, не беше прифатена од владеачкото мнозинство.

Како што НОВА објави пред четири дена, Германската амбасада остро реагираше на одлуката на комисијата составена од градот Скопје со која тие повторно го избраа италијанскиот конзорциум за концесионер на депонијата „Дрисла“.

На прашање на НОВА како ќе ја коментираат одлуката со оглед на фактот дека Управниот суд веќе донесе одлука во корист на германската фирма која беше второрангирана на тендерот и која се жалеше на нерегуларности, од Амбасадата велат дека ваквото однесување на градските власти ќе ја загрози правната сигурност за потенцијалните германски инвестиции.

„Шолц“ беше второрангирана на тендерот на Градот Скопје за концесионер на депонијата „Дрисла“. Тие се жалеа пред Вишиот Управен суд на низа пропусти во постапката за избор на концесионер. Судот со својата одлука од Јули годинава ги потврди сомнежите околу изборот на победникот за кои пишуваа и медиумите. Документите докажуваа дека победничката фирма од Италија „ФЦЛ Амбиенте“ е регистрирана два дена пред отворањето на понудите, а во регистарот на компании во Италија се водела како неактивна фирма. „Шолц“ приложи и документи од италијанските судови кои потврдуваа дека партнерот „Униеко“ во март годинава влегол во претстечајна постапка. Се појавија низа пропусти за кои НОВА пишуваше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.