По нападот врз нуклеарна централа во Украина од страна на руски војници, Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на тројца дипломати на Обединетите Нации.
Руските војници ја окупираа нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – каде пожарот што се закануваше со потенцијална катастрофа беше изгаснат во раните утрински часови во петокот, според украинскиот нуклеарен регулатор.
Тоа ќе биде отворен состанок со говори, вклучително и од официјален претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија и претставник на ОН.
Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство изјавија дека сакаат да имаат итен состанок по нападот.