Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара Владата да го преиспита планирањето средства за финансирање на програмските активности

0
By Ivana on November 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество упати писмено барање до  Владата на Република Северна Македонија во кое што се бара Владата да ја преиспита и промени својата одлука за планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и во Предлог-Буџетот, во Раздел 040.01 – Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма 10 – Администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, да предвиди 30.000.000 денари, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество, во изминативе три години значително придонесе кон зголемување на транспарентноста и објективноста при распределбата на средствата предвидени во Буџетот на Владата на Република Северна Македонија наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Средствата за кои се однесува оваа реакција се средства кои врз основа на Законот за здруженија и фондации се распределуваат на граѓански организации во согласност со Одлуката на Владата за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 277/2019).

Овие средства веќе подолг временски период се предвидуваат во Раздел 04001 – Влада, меѓутоа со Предлог-Буџетот за 2022 година, од непознати причини, средствата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година се испланирани во Раздел 04010-Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, во Потпрограма 11 со наслов „промоција на меѓуетнички односи“, што наведува само еден приоритет.

Напоменуваме, дека секој орган на државната управа врз основа на програма може да распределува средства за прашања од сопствениот делокруг за работа (чл. 49 ст. 3 од Законот за здруженија и фондации), меѓутоа со оглед дека улогата на Владата е да ги идентификува приоритетите кои се од значење за финансирање за целокупното општество, неопходно е финансиските средства да бидат испланирани во Раздел 04001 – Влада.

Вакви сериозни, системски измени во распределбата на средствата наменети за граѓанските организации, без претходна консултација со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, значат негирање на улогата на Советот и минимизирање на неговите досегашните напори за унапредување на системот на финансирање на граѓанските организации. Напоменуваме дека, Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 предвиде сеопфатна реформа во системот на државно финансирање.

Во таа насока во постапка е формирање на работна група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Оваа работна група треба врз основа на досегашните анализи и во транспарентен и инклузивен процес да предложи модел во кој ќе се врши распределбата на државните средства кон граѓанските организации. Сè додека не се усвои нов модел на државно финансирање сметаме дека не треба да има експериментални начини на финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, ниту промени во однос на буџетските корисници кои располагаат со овие средства.

Земајќи предвид дека Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година е веќе во собраниска процедура, бараме од предлагачот на Предлог-Буџетот за 2022 година,  да ја земе предвид оваа реакција и да интервенира амандмански во Предлог-Буџетот за 2022 година со што ќе се овозможи континуитет на воспоставените практики, сè до утврдување на сеопфатна реформа во системот на државно финансирање на граѓанските организации.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.