Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Криминилитетот намален за 12, 26 проценти

0
By Marta Pesevska on April 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првите три месеци од годинава се откриени 20 случаи на криумчарење мигранти или нелегален влез на 2 654 лица, а кај сообраќајните незгоди и за бројот на жртви во сообраќајните незгоди имаме намалување за 3,6 проценти во споредба со истиот период од лани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на критиките за работата на МВР што ги упати пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања.

Спасовски рече дека резултатите на МВР за 2022 година биле најдобрите во последните 30 години во работењето на ова Министерство.

Во однос на заплената или спречувањето на трговијата со дрога имаме резултати за три месеци, односно запленето 1,56 килограми кокаин, 129 килограми марихуана и 6,5 килограми амфетамин запленето. Имаме дополнително 1,57 тони марихуана која што е во вредност од шест милиони евра. Впрочем, во оваа заплена на дрога е и вашата професорка по германски јазик во училиште во Аеродром, член на Избирачкиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром на последните локални избори. Тоа се структурите коишто вие ги поддржувате и за кои се борите. Ако зборуваме за следен најнов случај, тоа е заплената на тие 100 килограми марихуана во коишто се лишени од слобода две лица блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупното намалување на криминалитетот е 12,26 проценти, рече Спасовски, посочувајќи му на Коцевски дека за тие резултати  кога сака може да отвори расправа  во Собранието и на друго место.

Во општина Прилеп, дополни Спасовски, за 12 години раководство на ВМРО-ДПМНЕ има 0,6-0,7 килограми марихуана запленето, за разлика од сега кога неколку стотини килограми се запленети токму таму. Или градоначалникот на СВР Скопје кога јас презедов раководење имаше ефикасност во работењето на откривачката дејност во Скопје 9 проценти или во превод само тие што не знаеле да се сокријат во Скопје во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа фатени, остатокот беа сите во рамките на криминалот којшто го спроведувавте.

Коцевски го праша Спасовски дали по објавеното видео, каде како што рече, се гледа како лицето Самед Месини среде бел ден пука од калашников, МВР има направено претрес за да го пронајде огненото оружје, дали е поднесена кривична пријава и дали на тоа лице му е одземено и друго оружје, на што министерот одговори дека се преземени сите криминалистички и истражни дејствија.

Во однос на конкретното прашање, дали се преземени мерки во однос на лицето кое што го споменавте, поднесување на кривична пријава, спроведување на предистражна или истражна постапка, претреси и откривање на нелегално оружје, само ќе ви кажам и тоа го изјавивме веднаш после настанот во јавноста кога излеговте дека на конкретното лице за конкретниот случај има поднесено кривична пријава од страна на МВР веднаш после настанот и се преземени сите криминалистички и истражни дејствија и претходно е поднесена уште една кривична пријава. Значи, има две активни кривични пријави против тоа лице поднесено до Јавното обвинителство во Скопје. Секако дека понатаму се преземаат низа мерки и активности коишто ќе треба да следуваат и во делот на судските постапки, рече Спасовски, дополнувајќи дека мора до крај да се водат постапките и да има завршница.

Коцевски рече дека не е задоволен од одговорот, посочувајќи му дека тоа што го кажува е манипулација и оти, како што рече меѓу останатото, во седум години владеење нема решено ниту едно убиство и нема дадено одговори.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.