Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски на министерска конференција за превенција и истрага на сексуална злоупотреба на деца

0
By Ivana on November 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на покана на неговиот словенечки колега Алеш Хојс учествуваше на онлајн министерската конференција на тема „Превенција и истрага на сексуална злоупотреба на деца“, заедно со министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, државите од Шенген зоната, партнерите од Западен Балкан, претставници на институциите и агенциите на ЕУ и САД.

На конференцијата, одржана под покровителство на словенечкото претседателство со ЕУ, е оценето дека сексуалната злоупотреба на деца, и онлајн и офлајн, е една од најсериозните злосторства, што има широки и сериозни доживотни последици за жртвите и може да предизвика значителна и долгорочна социјална штета на децата.

Министерот  Спасовски во своето обраќање преку видео-конференциска врска  потенцираше дека сме сведоци на широката распространетост и лесниот пристап до интернет, како и масовното користење на социјалните медиуми, платформи и апликации за онлајн комуникација од страна на младата популација уште од рана возраст, што енормно го зголемува ризикот од сексуалната злоупотреба на децата и ширењето на пазарот со детска порнографија.

– Во тој контекст, основата на сите  наши  политики за справување со овој вид на криминал е подигнување на свеста за ризиците од сексуална злоупотреба на деца, за потенцијалните стапици на новите технологии, интернетот и социјалните медиуми што ги користат сторителите, како и континуираната едукација на децата како да ги заштитат своите податоци. Во нашата држава, на национално ниво, превентивните активности се синхронизирани и се дел од Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство, но и од Националната стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во чии рамки е изготвен и посебен акциски план посветен на заштита на децата. Во рамки на овие стратешки документи предвидовме обуки на учениците од основно и средно образование за трговијата со деца и нејзините појавни облици, со посебен акцент на ризикот од злоупоребата на Интернетот за цели на трговија со луѓе и различни видови на експлоатација:  трудова, сексуална, детска порнографија, нагласи министерот Спасовски.

Спасовски истакна дека и покрај низата превентивни активности кои се преземаат на национално ниво, сепак, со оглед на меѓународната димензија на ова кривично дело, неопходно е и развивање на заеднички пристапи кои можат да се остварат преку засилена меѓународна соработка, како и размена на искуства и добри практики меѓу експертите.

Во заедничката изјава на учесниците на конференцијата, министрите ја нагласија важноста на меѓународната соработка за да се осигура дека криминалците не можат да ги злоупотребуваат разликите во законите и политиките меѓу јурисдикциите, како и да се избегне создавање не само на јурисдикциски јаз, туку и на директна дупка во правдата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.