Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку неговиот Фејсбук профил.
„Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме тоа“, пишува Спасовски.
Како МВР, истакнува Спасовски, имаме многу подобрувања, откривачката дејност за корупција во 2021 е зголемена за 50 проценти во однос на 2020 година за 114 случаи со штета од 97,3 милиони денари.