За судирот меѓу Групата и Асоцијацијата на лекари специјализанти, во ПРОЦЕС жестока дебата меѓу Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и Миралем Јукиќ од Групата специјализанти. Тие дебатираат за несогласувањета, дали Асоцијацијата имала договор во четири очи со министерот Тодоров за новите законски измени, зошто не го изразат незадоволството преку протести.
Се уште нема одговор од премиерот Груевски и надлежните институции на нивната петиција, а не реагираат ниту пратениците на новите законски измени што ги промовираше Тодоров непосредно пред интерпелацијата на 21 декември.