Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија.
Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.
Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.
„Пријателството се гради низ дијалог“, категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми кои го следеа случајот пред Централниот воен клуб во Софија.