НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СРАМ!

23
By Нова ТВ on May 24, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

 

Секој ден во оваа држава се памети по некој настан. Во последниве години секој ден носи сопствена симболика и не потсетува на нешто важно. А месецот мај е полн со незаборавни денови. Така, 5ти мај не потсетува на протестите против полициската бруталност а поврзани со смртта на Мартин Нешковски додека пак 9 мај не потсетува на настаните во Куманово. И двата настани се уште не виделе правна разврска која ќе ги задоволи стандардите на воспоставување на правда во едно демократско општество. Понатаму, 17 мај не потсетува на масовниот протест на граѓаните во 2015 година кој беше зачеток на движењето кое наредната година го доби името Шарена револуција, токму заради шаренилото на граѓаните кои протестираа, секој заради своите причини и со своите барања и очекувања. Годинава токму на 17 мај Иванов на крај одлучи да го почитува Уставот и да го додели мандатот за составување на влада на лидерот на новото парламентарно мнозинство. И замислете, сите се израдувавме заради тоа што носителот на функцијата шеф на држава, на крај, принуден или не, одлучи да го почитува Уставот! А притоа истиот ден не заборави да појасни дека очекува амнестија за лицата инволвирани во терористичкиот напад врз Собранието, со цел да се постигне некакво си помирување. Со други зборови, тој побара работата што тој самиот ја започна една година порано со аболициите, а беше принуден да ја остави недовршена, сега, новоформираното собрание да го доврши, и тоа со консензус! Изгледа шашаво, ама според Иванов можело да функционира. И Македонија да продолжи да биде земја на вечна неказнивост за сторен криминал од високи размери од страна на највисоките претставници на власта.

На значителните датуми на овој месец се приклучува и 23 мај, кој ќе треба да се прогласи ден на македонското кривосудство. Кај имаме толку државни празници, да додадеме уште еден. Да, да, неработен ден треба да биде тој датум, па судиите и обвинителите да поседат дома и да размислат малку за нивната општествена улога, за нивната мисија, за суштината на нивната професија која треба да значи воспоставување на правда. А правдата не е толку тешко да се разбере и да се види, и секој човек со здрав разум може точно да каже што таа претставува. Особено ако тој разумен човек има очи, да ги види снимките од настаните во Собранието и уши да ги слушне искажаните зборови при тие настани. Во тие снимки јасно се гледа намерата на насилниците да убијат, и нивните движења не изгледаат баш како да им се извинуваат на нападнатите. И лицата и говорот на телото на напаѓачите изнесени пред суд не покажуваат никакво каење ниту пак извинување за стореното. Освен тоа, можно ли е извршителите на терористички чин врз највисокиот законодавен дом на државата да се казнува со условна осуда? Сте виделе ли вие терористи да се спасат само со: “Еј извинете, дечки не сакајќи сакав да ве убијам”?! Епа видовме дека и тоа е можно во македонското кривосудство. Затоа 23 мај нека биде означен за ден на длабоко размислување за суштинската причина зошто судството воопшто постои во една држава.

И сега замислете, тие судии треба да им судат и на најмалку шесте пратеници кои ги отвориле вратите на Собранието за да им овозможат влез на насилниците и потоа ги упатиле истите точно таму каде требало да го извршат нападот. Во објавените снимки јасно се гледа кој отвора врати, кој упатува, кој гушка и кој поздравува насилници со качулки кои извршија терористички обиди за убиство. Токму тие судии треба да им пресудат на овие лица, и да ја земаат предвид нивната одбрана. Во тие случаи ни за каење нема да се зборува, оти јасна е работата: додека еден од организаторите на насилните протести делеше вода, другиот пушташе вода по кафулињата во близина. Во целата таа збрка пратеничката а истовремено и министерка за култура делеше бесплатни гушкања на лицата со качулки, не за друго, туку за да им го смири гневот, да не направат некоја беља. А пратениците кои се гледаат како отвораат врати и упатуваат насилници во Прес-центарот, тоа всушност ние сами го измислуваме, не го гледаме, тоа нашиот искривен ум го замислува, бидејќи тоа едноставно не е вистината, вистината е сосема нешто друго, и во таа вистина нема ни снимки, ни пратеници ни лица со качулки туку само убави работи, како што е бескрајната “љубов” за татковината. Што е тука нејасно? Така, очекувам судииве на македонското кривосудство не само да ги прогласат за невини пратениците/соучесници во терористичкиот напад врз Собранието, туку Иванов да ги одликува за големи заслуги во љубовта спрема татковината, на начин на кој што веќе го одликуваше еден од организаторите и институцијата која тој ја претставува.

А и овие од СЈО па, ептен не се разбираат во нивната работа! Па како може да покренат цели 12 барања поврзани со замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините челници а плус и да сакаат да ја замрзнат шампитата! Кај се видело партиите да одговараат за кривични дела?! Кај се видело најпатриотската партија воопшто позната во Македонија, која бивајќи толку патриотска успеа да стане побогата од партијата на Меркел, да одговара кривично? Не знаат ли овие специјалкиве дека партиите во Македонија се над Уставот и законите и никако не смеат да одговараат и дека членовите на Кривичниот законик кои се однесуваат на кривичната одговорност на правните лица всушност не важат за нив? Како може да не го знаат еден од суштинските закони на Јустинијановиот кодекс кој вика “Princeps legibus solutus est” што во превод значи “Владетелот е ослободен од важноста на законот, за него законот не важи”. Уште ли не научија кој е вистинскиот владетел во оваа мала земја-реликт од раниот среден век? Па сега им отвораат уште работа на судиите да ги одбијат сите 12 барања како неосновани. Па кај се замрзнува шампитата бре, вкусот и го снемува на толку ладно!

За носење на одговорност се знае кој го тоа носи: протестантите од Монструм кои за скршени стакла од судот добија затворски казни од по 2,5 години. Протестантите од Шарената револуција уште се влечат по судови а со месеци скапаа по притвори. Одговорност носат тие од Сопот кои врз основа на исказ на заштитен сведок кој според СЈО бил земен со тортура гниеле по затвори за кривични дела кои не ги извршиле. Не ви е јасно? Па тие одговараат и за делата на овие што ги гледаме по снимките како вршат кривични дела а се спасуваат сакајќи ја Македонија. Има кој да ги издржува нивните казни, тука се дежурните кривци, клетите предавници, во полн дофат на македонското кривосудство.

Ќе дојде ден одговорност ќе носат и денешниве судии за сите нивни злоупотреби и за целата помош дадена на една криминогена и мафијашка власт. Ќе дојде ден и тие пратениците кои отвораат врати и гушкаат насилници да одговараат за соучесништво во извршувањето на кривичните дела заради нивниот клучен, битен и суштински придонес во извршувањето на тие дела. Ќе дојде ден и ќе имаме вистинска правна држава.

Во таа вистинска правна држава 23 мај но и други денови ќе се паметат како денови на македонското кривосудство. Ќе се паметат и ќе бидат ден на жалост за една власт која наместо да биде контролор на другите власти одлучи да биде последниот бастион на еден криминоген режим кој веќе неодамна замина во историја.

Нека им го каже некој ова на судиите кои и понатаму штитат режим кој веќе паднал и нема да се врати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.