Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија ја крена рампата за зејтинот, надлежните апелираат до граѓаните да не прават залихи

0
By Sashko on April 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење во земјава со што увозниците веќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Надлежните смируваат дека масло за јадење ќе има и апелираат граѓаните да не складираат залихи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера изјави дека ќе има доволно количини на храна, брашно и зејтин и дека нема место за паника. Истакна дека се прават напори за обезбедување на доволни количини на суровини и на производи кои се стратешки за државата.

„Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите. Ова е прв увоз, веќе ја дизајнираме втората одлука зависно од потребите. Ова е одлука која се однесува за потребите од еден месец, но пред да помине тој период веќе се разговара за можности за дополнителен увоз“, истакна вчера Николовски, додавајќи дека состојбите се следат и дека комуникацијата со српските власти е континуирана.

Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, според Николовски, говори дека домаќинствата непотребно прават залихи.

„Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат“, рече Николовски.

Од средата, Владата ја ограничи продажбата на маслото за јадење на пакети, така што секој купувач ќе може да купи сончогледово масло за јадење во трговските објекти во мали количини, а не цели пакети. Одлуката ќе важи до 31 мај годинава. Одлуката е донесена поради значајниот пораст на купување масло за јадење од страна на домашните и странските купувачи со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

„Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат“, велат од Министерството за економија.

Од друга страна, досега не се активирани стоковите резерви, а причината за тоа, како што вчера изјави министерот за земјоделство, е поради тоа што, според Министерството за економија, има доволно суровини и репроматеријали. Се разгледува можноста оризот да биде ставен во стоковите резерви.

„Разговараме кои дополнителни земјоделски производи да влезат, како што е оризот и некои други. Макотрпно се работи на тој процес. Имавме средби со Министерството за финансии, но од она што го знам, резервите досега не се ставени во функција зашто Министерството за економија соопшти дека има доволно залихи и дека е направен увид во компаниите кои се дел од нивните регистри“, изјави вчера Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.