Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија ќе крати и плати и административци, Македонија ќе им ги зголемува платите

0
By Сашка Цветковска on September 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ќе се кратат платите на вработените во администрацијата, во истиот сектор ќе има и отпуштања, а ќе се намалат и пензиите. Истовремено, македонската влада најави зголемување на платите на вработените во администрацијата за четири проценти“

Српскиот премиерот Александар Вучиќ вчера ги објави економските мерки со кои планира да ја менаџира кризата. Дел од мерките предвидуваат намалување на платите во државниот и јавен сектор за 10 проценти, а Вучиќ најави дека „намалувањето најверојатно ќе биде линеарно“, иако останува да се допрецизираат мерките. Од намалувањето ќе бидат исклучени оние вработени кои земаат плата пониска од 25.000 динари.

Ќе се крати и од пензионерите, но повторно ќе бидат исклучени најранливите категории пензионери кои земаат ниски пензии.

Покрај намалувањата, премиерот Вучиќ ќе започне и со отпуштања на вишокот во администрацијата.

„Платите во администрацијата се повисоки од оние во приватниот сектор за 40 проценти. На сметка на тоа, приватниот сектор е темелно уништен“, рече Вучиќ најавувајќи закрепнување на приватниот сектор со овие мерки

Српската влада на овој начин планира да заштеди 400 милиони евра и целосно закрепнување на економијата до 2016 година.

Во Македонија обратни трендови

Владата на Македонија, пак, во изминатите години континуирано ги зголемуваше како платите во администрацијата, така и вработените во тој сектор. Од идниот месец е најавено зголемување на платите во македонската администрација за 4 проценти. Истовремено, Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор распиша оглас за вработување на нови 15о административци. Во текот на изминатите месеци на веб страницата на Агенцијата за администрација беа објавени серија огласи од институциите од државниот и јавниот сектор со кои се отвори вработување за стотици нови службеници.

Во последниот извештај за напредок кој го подготвува Европската комисија е нотирано дека се уште нема достапни официјални бројки за вкупниот вкупниот број на вработени во јавниот сектор, постојано и привремено, што го прави тешко мерењето на напредокот во постигнување на транспарентност и целите на реформите. Критики има и за начинот на кој што се вработува во тој сектор, но и за пренатрупаноста која според комисијата не е одговор на реалните потреби на институциите.

„Сè уште се потребни подобрувања на политиката, на централно и на локално ниво, за борба против политизацијата. Сите тековни вработувања на лица во јавната администрација, без оглед на статусот во државната служба, потребно е целосно да ги почитуваат начелата на транспарентност и отчетност и да се засновани на заслуги. Сè уште постојат случаи на огласи распишани по мерка за соодветен кандидат и нерегуларно вработување на кадар. Некои вработувања се спроведуваат како социјална мерка, наместо како одговор на потребите на институциите“, пишува во Извештајот за напредок за Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.