Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија ќе штеди на административците, Македонија пак ќе им ги зголемува платите

0
By Сашка Цветковска on July 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку дена по новото задолжување од половина милијарда евра, Владата најавува ново покачување на пензиите и на платите во јавниот сектор. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски објаснувајќи дека платите ќе пораснат во Октомври, додека покачувањето на пензиите ќе се случи следната година.

-Во вакви времиња кога во другите земји има непопуларни и тешки мерки кои го влошуваат стандардот на граѓаните ние успеваме да се справиме со тешки предизвици и да обезбедиме реален пораст на примањата кои се финансираат од Буџетот, се пофали Ставревски.

Меѓудругото, вицепремриерот ги коментираше и намерите на српската влада која со планираниот ребаланс за септември планира да ги скрати пензиите и платите во јавниот сектор за околу 10 проценти. Српскиот премиер оваа мерка ја образложи со потребата од одржувањето на макроекономска стабилност.

-Во вакви времиња кога во другите земји има непопуларни и тешки мерки кои го влошуваат стандардот на граѓаните ние успеваме да се справиме со тешки предизвици и да обезбедиме реален пораст на примањата кои се финансираат од Буџетот, рече Ставревски коментирајќи ги состојбите во Србија.

Минатата недела во Македоноја помина во знакот на бурни случувања на економски план. Најпрво Владата одлучи да издаде еврообврзница од половина милијарда евра со камата од речиси 4 проценти – пари кои ќе доспеат за плаќање во 2024 година, а чија намена ќе биде исплаќање на дел од старите евробврзници, како и покривање на буџетските потреби за следната година. Потоа, во итна постапка се донесе законот според кој сите граѓани кои работат хонорарна работа или со договор на дело ќе имаат обврска на крајот од годината приходите да ги пријават во УЈП и на нив да платат и пензиско и здравствено осигурување. Министерот за економија дури и во изјава на прес конференција на Владата истакна дека ваквата мерка „ќе влијаела позитивно на полнењето на пензискиот фонд“. Од друга страна, Фондот за здравство го објави годишниот извештај во кој открива дека здравствените установи имаат долгови од 65 милиони евра кои што едвај стигаат да ги сервисираат, а некои болници и установи работат со блокирани сметки. И годинешниот буџетски дефицит беше покриен со кредит од Дојче Банк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.