Трговските центри „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград и „Делта планет“ во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба, јави дописникот на МИА од Белград.
„Контрадиверзантски екипи моментно се влезени во трговските центри „Галерија“-(Белград на вода), „Меркатор“ (Нов Белград) и „Рајичева“ (најстрогиот центар на Белград)“, изјавија од српското Министерство за внатрешни работи.
Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет“ била поставена бомба.
Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите.