Амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека Србија треба да размисли каде е нејзината иднина и дали нејзината неутрална позиција е одржлива и врз основа на тоа да ја донесе својата одлука.
Хил ова го изјави, одговарајќи на новинарско прашање дали е одржлива неутралната позиција на Србија визави конфликтот во Украина.
Амбасадорот на САД посочува дека светот се промени од 24 февруари и дека сите треба да размислиме каде сме, каква е нашата позиција и каде сакаме да бидеме во иднина.