Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Одговорот за побрзо надминување на кризата лежи во вложување во дигитализацијата и човечкиот капитал

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Џерек Бас.

Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето на нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побрзо да одговори на потребите кои ги наметнува новата состојба. Оттаму, вложувањето во новите технологии, со паралелно инвестирање во човечкиот потенцијал – подобрување на квалификациите и креирање на нови вештини, се начин за враќање на економиите во позитивната зона, а потоа и на патеката на одржлив економски раст, беше посочено на средбата.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на ефекте од пандемијата врз домашната економија, којашто минатата година забележа пад од 4,5,%, слично на просечниот пад во земјите од регионот. Притоа таа посочи дека без интервенцијата на монетарната и фискалната политика, падот на економската активност веројатно би бил поголем. Во однос на централната банка, беше укажано дека уште од почетокот на кризата, монетарната политика беше релаксирана, а воедно беа преземени мери со кои се овозможи регулаторна флексибилност и привремено олеснување на финансискиот товар на приватниот сектор. Ваквите мерки озвозможија зголемување на ликвидноста во економијата, полесен пристап до финансирање и поддршка на економската активност. Имено беше посочено дека кредитната активност континуирано расте, а воедно се намалува и цената на кредитирањето. Овие движења на кредитниот пазар се поддржани и од стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, што се огледа од неговите добри перформанси и ниската стапка на нефункционални кредити.

Во вакви околности, како и во услови на подобрување на епидемиолошката состојба и стабилизирање на довербата беше констатирано дека домашната економија постепено закрепнува. Во првата половина од годината остварен е раст на бруто-домашниот производ од 5,2%, што речиси се совпаѓа со проекциите на Народната банка за овој период (5,4%).

Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањето за инфлацијата, при што беше истакнато дека во глобални рамки, се забележува забрзување на инфлацијата под влијание на растот на цените на примарните производи и привремени фактори предузвикани од пандемијата Стабилизирање на растот на цените се очекува веќе во текот на следната година, а движењата постојано и внимателно се следат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.