Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Азески – Граф: Соработката мора да продолжи со засилен интензитет

0
By Ivana on September 27, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески одржа работна средба со заменик амбасадорот на Сојузната Република Германија Ото Граф.

На средбата, како што наведуваат од Стопанската комора, се говорело за билатералната економска соработка помеѓу Сојузната Република Германија и Република Северна Македонија, која што двете страни ја оцениле дека е на многу високо ниво.

Азески истакнал дека Стопанската комора, како најголема и најстара коморска организација во земјата, е подготвен и сигурен партнер за продлабочување на соработката, создавајќи и поддржувајќи поволна бизнис клима која овозможува привлекување и одржување на развојни инвестиции, посебно преку учеството во Коморскиот инвестициски форум и поддршката на економскиот развој на регионот.

Тој ги претставил и актуелните проекти и стратешките активности на Комората, ставајќи акцент врз поддршката на компаниите во нивните активности, преку креирање Совет за напредни технологии вклучувајќи ја и дигитализацијата, имплементацијата на дуалниот систем на образование, зголемување на соработката меѓу домашните и странските компании, како и поддршка на извозните активности на домашните бизнис сектор.

– Од особено значење е соработка со Унијата на германските индустриски и трговски комори –ДИХК, со која Комората во 2007 година потпиша билатерален меморандум за соработка, но и активно соработува на полето на проектни активности во рамки на Коморскиот инвестициски форум, посочуваат од Стопанската комора.

Азески додал дека, низ годините Стопанската комора има значајна соработка со федералното Министерство за економска соработка и развој на Германија, со коешто во рамките на Отворените регионални фондови за Југоисточна Европа (Open Regional Funds for Sought East Europe), се спроведе Партнерскиот проект меѓу Асоцијацијата на балканските комори и Унијата на германските индустриски и трговски комори – АБК-ДИХК, за институционално зајакнување на балканските комори, поддршка на процесот на ЕУ-интеграција и унапредување на стопанската соработка меѓу регионот и Германија.

Во рамки на истиот фонд, во март 2010 година, додаваат, Стопанската комора влезе во Регионалниот проект со ГТЗ „Export Consultancy Network“ – оформување на регионалната база на стопански консултанти во различни области.

На работниот состанок, претседателот Азески и заменик амбасадорот Граф, заклучиле дека соработката меѓу двете земји мора да продолжи со засилен интензитет, посебно на полето на економската соработка, зголемување на извозниот потенцијал на домашните компании и привлекување на што поголем број германски инвестиции.

– Сојузната Република Германија е 16 години прв економски партнер на Република Северна Македонија и така треба да остане и во иднина. Во првите седум месеци од 2021 година трговската рамена меѓу двете земји изнесува 3,01 милијарди американски долари и бележи раст од 55,7 проценти, споредено со истиот период во 2020 година, кога изнесуваше 1,93 милијарди американски долари. Извозот за првите седум месеци од 2021 година изнесува 2,3 милијарди американски долари, и бележи зголемување од 59,2 проценту, во однос на истиот период 2020 година. Увозот изнесува 682,3 милиони американски долари и бележи зголемување од 44,8 проценти во споредба со истиот период во 2020 година. Во трговската размена остварен е суфицит од 1,6 милијарди американски долари, кој во однос на минатата година е намален за 66,07  проценти, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.