Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Бесими – Павлова: ЕИБ е силен и посветен партнер на РС Македонија, продолжува поддршката во нови проекти за одржлива патна, железничка, енергетска инфраструктура и зелена транзиција

0
By Mirjana on March 8, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на РС Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании.

Ова беше констатирано на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими кој е домаќин на делегацијата предводена од потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова.

Министерот на средбата ја истакна посветеноста на Владата на енергетска транзиција и на промена на енергетската структура во земјата, која ќе обезбеди сигурност во снабдувањето со енергетски ресурси со фокус на обновливи извори на енергија.

На средбата стана збор за конкретните проекти кои се во фаза на реализација и можностите за ново финансиирање на развојни проекти во земјата. Се потврди потребата за засилување на динамиката на спроведување на проектот за гасниот интерконектор со Р Грција, особено во светло на последните случувања во светот. Со овој проект се придонесува кон диверзификација на изворите на енергија, постигнување на целите за декарбонизација и енергетска ефикасност. За негова реализација министерот Бесими и Павлова веќе го потпишаа Договорот за финансирање на изградбата на гасоводот кон Грција во износ од 28,9 милиони евра. Притоа преку ВБИФ инструментот беа обезбедени дополнителни 12,4 милиони евра како инвестициски грант, којшто ќе го управува Европската инвестициска банка. Преостанатите 16,5 милиони евра ќе се обезбедат од ЕБОР за што, исто така, беше побарана поддршка.

„Со задоволство гледаме на забрзувањето на зелената, инклузивна и одржлива транзиција на Северна Македонија преку зајакнатата соработка со нашите локални партнери. ЕИБ планира уште повеќе да ги доближи своите финансиски и технички ресурси до Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, и тоа благодарение на новата посветена – ЕИБ Глобал. Во рамките на ЕИБ Глобал, би сакала да ја потврдам целосната поддршка од страна на ЕИБ за Северна Македонија во остварувањето на нејзините цели и реформи, согласно политиките на ЕУ и Стратегијата на ЕК за проширување. Како силен и посветен партнер на Северна Македонија, активно ќе работиме со цел да ѝ овозможиме на земјата придобивки од средствата достапни во рамките на Економскиот и инвестициски план за регионот. Покрај нашата поддршка за инфраструктурни проекти, посветени сме и на поддршката кон дигитална и енергетска транзиција на приватниот сектор, рече Павлова.

Со подддршка од ЕИБ и ЕБОР ќе се комплетира финансирањето на проектот за целосна изградба на железничкиот Коридор – 8, делница Крива Паланка – граница со Бугарија.  Министерот за финансии изрази благодарност до ЕИБ  и за нивната поддршка за добивање инвестициски грант за рализација на овој проект преку ВБИФ инструментот во износ од 149,2 милиони евра, при што ЕИБ се согласи за дополнителна техничка и целокупна поддршка со цел забрзана реализација на проектот во фазите што следат.

„Реализацијата на овој проект е еден од приоритетите на Владата, имајќи предвид дека изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8, е  едно од клучните прашања во последните разговори со Бугарија и е стратешки проект на којшто во моментов македонско-бугарската група за транспорт активно работи. Дополнително, Владата, исто така, планира да ја заврши изградбата на западниот дел од железничката делница од Коридор 8, како делницата Кичево – граница со Албанија, за што наскоро ќе испрати апликација до меѓународните финансиски институции вклучувајќи и до ЕИБ за изразување интерес за финансирање на овој проект“, истакна министерот за финансии на средбата со Павлова.

Во текот на средбата се дискутираше новиот проект за водоснабување и третман на отпадни води со кој ќе бидат опфатени 80 општини во вредност од 50 милиони евра, и кој се планира да се одобри во Одборот на Банката до средина на оваа година. Со ова се отвара патот за реализација на овој крупен проект со кој ќе се унапреди квалитетот на животот на граѓаните. Дополнително, во контекст на општинската инфраструктура се дискутираше досегашната имплементација на станицата за третман на отпадни води за Скопје финансираан од ЕИБ и ЕБРД.

Стана збор и за можноста од дополнителна поддршка од ЕИБ преку евтина кредитна линија за мали и средни претпријатија со кој ќе се поддржи енергетската транзиција.  Исто така, и за можностите на новата гарантна шема на Европската комисија за Западниот Балкан EFSD+  и приоритетните области на Владата на РС Македонија.

Бесими и Павлова ја потврдија посветеноста за продолжување со одличната соработка, интензивирање на комуникацијата во следниот период, како и важноста на ЕИБ како развоен партнер на нашата земја.

Бесими средба со Павлова од ЕИБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.