Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколците апелираат да се реши проблемот со недостиг на учебници и да се заменат на оние кои се далеку од употребливи

0
By Sashko on September 13, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на средношколци изразува разочарување што и на почетокот на учебната 2022/23 година се соочуваат со познатиот проблем со недостиг на учебници и бара од институциите решавање на проблемот за да имаат непречен наставен процес.

Овој проблем, посочуваат тие, е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години.

„Оваа година забележуваме зголемен број на проблематични случаи во многу од средните училишта ширум државата. Учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употреблива состојба, а во најлош случај, комплетен недостатокот на дел од учебниците. Сојузот утврди дека вакви ситуации се присутни во Скопје, во Битола, во Велес, во Прилеп, во Делчево и други градови, дури и во некои од најголемите средни училишта. Проблемот е особено изразен во стручните училишта, специфично за учебниците по стручните предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците. Решавањето на проблемот е оставено на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на елекотронски форми на учебникот, учење преку слики од врсниците, или најстрашно фотокопирање или набавување на истите на свој трошок“, велат од Сојузот на средношколци.

Сојузот ја смета ситуацијата за апсолутно неприфатлива и строго ја осудува неодговорноста на надлежните институции во нивното справување со проблемот.

„Не може незавршената дигитализација да се користи како изговор за немањето на учебници. Апелираме проблемот да биде ставен како висок приоритет и активно да се работи на негово решавање. Ние ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе ја информираме јавноста за оваа исклучително важна тема. Една од клучните заложби на Сојузот е обезбедување на достапно образование за сите. Ја потсетуваме јавноста на член 44 од Уставот кој гласи: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно“. Учебниците се основна алатка за одржување на непречена настава, која според Уставот (треба да) е бесплатна“, наведуваат од Сојузот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.