Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќна Нова 2014

0
By Борјан Јовановски on December 25, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штетите од 24 декември 2012 ќе започнат да се отплаќаат во 2014. Најавата за првата рата од штетата стигна со заклучоците на Советот на министрите на ЕУ. Во овој документ, како и да се чита, не може да се одбегне неговата мачна порака дека Македонија со 24 декември, и особено со она што следеше по него, е држава која има сериозни системски слабости и институции со голем демократски дефицит. Обидите на Филе и повеќе земји членки во текот на годинава да помогнат да се корегираат слабостите, резултираше без успех и покрај постигнатиот мартовски договор кој повеќе беше резултат на дипломатски притисок со експлицитна закана од одземање на препораката за преговори отколку демонстрација на вистинска политичка воља да се решаваат проблемите на начин кој ќе овозможи корекција на системските и институционални слабости. Оваа констатација имплицитно е содржана во заклучоците на Советот на министрите кој, во наједноставно срочено резиме, се чита како дигање раце од држава во која не се исплати да се вложува труд за да и се отвораат вратите на семејството на демократски и развиени општества.

Заклучоците на минатогодишниот Европски совет содржеа надеж и верба дека на Македонија со поголем ангажман од самата ЕУ би можело да и се помогне да ги надмине проблемите како во односите со Грција така и во процесот на реформите и надминувањето на констатираните слабости во сферата на владеењето на правото и слободата на медиумите. По овој заклучок уследи Дијалогот на високо ниво кој требаше да биде некаков супститут за преговорите за членство а паралелно со тоа да се обезбедат начини за компромис со Грција кој би ги отстранил сите можни штети по идентитетските прашања. Ова големо охрабрување и обид да се турне напред државата од нултата точка, во која тапка со години, беше отфрлено на највулгарен можен начин.

Само недела дека по ваквите заклучоци на Европскиот совет, владата на 24 декември одговори со предизвикување на драматична политичка ситуација во државата која целосно го исфрли од игра планот за спас кој ни го понуди ЕУ. Исфрлањето на пратениците и новинарите од Собранието ја шокираше целата европска јавност а особено оние во ЕУ кои сторија се Македонија да добие подршка во заклучоците на минатогодишниот Европски совет. Дополнително пријателите на Македонија се бришеа еден по еден од листата на наши пријатели според тоа како се развиваа работите по 24 декември.

Спикерот Вељановски, кој во најмала рака има политичка и морална одговорност, не покажа ни знак на било каква грижа на совест. До ден денеска не се појави во јавноста да одговори на прашањето кој го издаде налогот за насилие во парламентот. Владеачкото мнозинство дополнително демонстрираше ароганција а власта и самиот премиер ги удвоија напорите во дополнително компликување на состојбите. Наместо одговор за тоа кој е одговорен за понижувањето на новинарската фела, стигна ригидна верзија на закон за медиуми презентирана на начин со кој се демонстрира моќ и одважност. Тоа не беше доста па следеше апсењето на Кежаровски и повторно според сценарио кое требаше да демонстрира сила и патолошка омраза кон секој обид да се мисли или објави нешто што е вон контрола на партискиот штаб. Во функција на ова сценарио се избришаа нозе од судството за кое нема повеќе дилеми дека е политички диригирано. Кежаровски доби пет години затвор. Повторно се скандализираше демократската јавност, дома и во цела Европа. Во меѓувреме се случи и смртта на Никола Младенов за која во јавноста тенденциозно се оставија многу отворени прашања што требаше да биде елемент плус во доградбата на психозата и наметнувањето на колективното чувство на страв.

И се плукна во лице и на светоста на демократските општества, слободната воља на граѓаните и нивното право на слободен избор. Се носеа контејнери со фантомски гласачи од Пустец. За потребите на патолошкиот отпор кон различноста, нечовечно се злоупотреби сиромаштијата на Македонците од Албанија. Следеше и валкање на религијата кога беа оркестрирани вандали и деликвенти да рушат, кршат и тепаат во името на Господ Бог во општината Центар.

Ова се само неколку епизоди кои доволно експлицитно го илустрираат уништувањето на демократските придобивки и вредности кои македонското општество со мака и многу помош однадвор ги имаше изградено во изминатите 20 години. Нема на навлегувам во цивилизациските навреди од типот на оние епизоди со Субрата Рој , понижувањето на архитектите, уметниците, минатото….

Бев во Брисел минатата недела кога се одржуваше Советот на министрите. Имав можност да се сретнам со искрени пријатели на Македонија. Некои од нив на позиции да сторат нешто за да се спречи конечната верзија на заклучоците, но без аргумент да ја одбранат од се побројната група на поединци и држави кои сметаат дека со Македонија не ги разделува политичка туку културолошка разлика околу поимањето на базичните европски вредности. Побројните победија.

На Македонија и е испратена јасна порака дека е оставена сама на себе да одлучи каде е нејзиното место и кои се нејзините цивилизациски референци. Одговорот се очекува во 2014. Година која стана славна пред да дојде, според насловот на проектот во кој е содржана пораката на оваа владеачка гарнитура за тоа дека Македонецот е изгубен на цивилизациската мапа. Во заклучоците на Европскиот совет сепак има подотворена врата, онаа за граѓанството кое во 2014 се чека да се изјасни дали 2014 ќе биде името на нашиот брз пат назад или напред во историјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.