Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ и Владата на средба за линеарно покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари

0
By Sashko on April 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на Сојузот на синдикатите на Макдонија (ССМ) попладнево имаа средба во Владата за исполнување на три барања – линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, утврдување на регрес или К-15 во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата и методологија за усогласувње на сите останати плати согласно порастот на минималната плата.

Средбата се одржа попладнево во Владата на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствувала и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која денеска при посета на Сојузот на здруженија на пензионери најави дека Владата почнува дијалог со репрезентативните синдикати за подготовка на Општ колективен договор за јавниот сектор.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски по средбата изјави дека има позитивни сигнали и дека тоа што го бараат од Владата како социјален партнер е, како што рече, издржано, аргументирано и солидарно.

„Бараме линеарно зголемување од 2.806 денари за целиот јавен сектор, вклучително и за образованието, регрес за јавниот сектор, утврдување на тоа право што го изгубивме пред некоја деценија, но и методологија за усогласување на порастот на минималната плата со сите останати плати во државата. Ние стоиме на нашите барања, немаме отстапки од тоа што го бараме, позициите се јасни и доколку се договориме, договорот ќе биде на задоволство на сите работници. Јавниот сектор ги опфаќа управните органи, армијата, полицијата, здравствените работници, образовнието, итн. Сметаме дека овој проблем треба да се реши во интерес на целиот јавен сектор. Линеарното зголемување е во знак на солидарност или, како што велам јас – од хигиеничарката до претседателот на држвата да земеме сите линеарно по 2.806 денари“, рече Димовски.

Посочи дека како репрезентативен синдикат, ССМ се бори за правата на сите работници, независно  дали се од јавниот или од приватниот сектор и дека и на Организацијата на работодавачи  ќе и соопштат што побрзо да се зголемат линеарно платите и во приватниот сектор.

„Бидејќи ако не се случи тоа ден побрзо, ние од септември, согласно Законот, ќе бараме примена на колективните договори, ќе бараме процентуално зголемување на платите“, додаде Димовски.

Барањата се доставени во вид на Општ колективен договор за јавен сектор и, рече, ѝ даваат време на Владата да ги разгледа.

„Им даваме време на Владата да го разгледа ова. Иако се празници, ние сме достапни и очекуваме одговор по овие три основни прашања“, рече претседателот на ССМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.