Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стара мафијашка поговорка: Каменот доаѓа одблизу

0
By Биљана Секуловска on July 11, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очекувано, Заев ги прогласи преговорите за мртви, откако некој ден претходно, Груевски објави дека “нема услови за лидерска средба” и продолжи да владее, веројатно во надеж дека ако се скрие под јорган (лето е, но некој се тресе од помислата што носи есента), никој нема да го види, како што и тој ништо не гледа, не знае и не признава, воден од сонот на едно тригодишно дете. Кога ќе ги затвори очите , сите да прогласат дека исчезнал!

Странците во целиот овој период изгледаат како да се охрабрени од старата девиза на Бизмарк- дека “Балканот не е вреден ни за коските на еден гренадир”, но и не само тоа, туку како да отидоа најдалеку што можат во игнорирањето на очигледното- како да се преговара за напредок со генераторот, мозокот на катастрофата?

Дипломатите со кои разговарав деновиве, излегуваат со две опции кои им изгледаат најсоодветни, после тоталниот неуспех и разочараност од преговорите, но и дека е можен длабок рез во ова општество, некаков напредок, некаква надеж, барем не со овие актери кои владеат скоро 10 години.

Првата, преодна влада, во која велат дека најдобро е да биде составена од независни, непартиски членови, но сепак, тие ја оставаат џентлменски одлуката на масата на преговори да биде донесена од Груевски и Заев.

Втората опција, ако е неуспешна првата, предвидува статус-кво- Груевски и неговата Влада да останат и како велат- убаво нека покажат колку се подготвени за реформите кои Прибе им ги истури од преполната актовка. Во оваа опција се вклучени и дополнителни сили: одреден број на експерти од странство, кои би мониторирале, помагале, поттикнувалите реформи во сите области кои Прибе со црвено пенкало ги заокружуваше како алармантни и неприфатливи за земја- европски кандидат. Тие би биле наоружани со прецизни барања и рокови, затоа што времето не работи за Груевски, особено откако има дополнителен товар- дали ќе биде одземена препораката за преговори? Но, замката допрва доаѓа- што ако Груевски ништо од ова не испорача? За таков епилог не преговараме- одговор на некои од дипломатите, низ насмевка, дополнета со вториот дел од планот- а ние тоа и го очекуваме од Груевски.

Зимскиот сон на Груевски и полетноста дека никој ништо не му може, лесно би можел да биде нарушен од адреналинот кој ќе го преплави за време и после посетата на Нуланд. Се разбира, тој сега не се чувствува како во најдобрите денови (ех, тие стари, добри времиња кога со шепот се изговараше името на братучедот) кога владееше со страв, трепет и камшик, но сепак е улулкан во триумфот од дебаклот на преговорите.

Дополнително, дури и дел од критичката опозиција не ја сфаќа суштината на неопходноста од заминувањето на Груевски- па што, некои велат, доволно е да се сменат двајца-тројца, најважно е секако јавниот обвинител, во такви околности истрагата и можното апсење би се случиле додека тој безгрижно се клацка на фотелјата. Но, ова се политички бајки за наивните. Сржта на проблемот е во владетелот, во неговата моќ, влијание, сеење страв кај сопствените соработници- тој ја поседува целата мрежа, инфраструктура која е грижливо и со години инсталирана, онаа паравојска на послушници, спроведувачи на терор и егзекутори на непослушниците.

Тоа е и она за што говори Амбасадорот Киркпатрик: “Во традиционалните автократии, власта се одвиткува брзо како чаршаф кога ќе се поткопаат или ќе се отстранат моќта и статусот на оној што е на врвот… Без него ќе се распадне организираниот живот на општеството, како свод од кој се отстранува темелниот камен.” А каменот? Веќе слушнавме во бомбата која Мијалков го сервираше, каменот доаѓа одблизу. Како што одминува времето, Груевски ќе го преслушува и премотува овој бомбашки камен, но за тоа- друг пат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.