Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статуите Ѓорѓе и Маја Иванови

20
By Биљана Секуловска on March 18, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се сетив за кого станува збор, тогаш кога прочитав дека првата дама на Македонија Маја Иванова и честитала на сопругата на азербејџанскиот претседател Алиев што станала потпретседателка (именувана од сопругот).

Потоа,  ја пофалила за сето тоа што досега го постигнала, а освен тоа ѝ посакала успеси во нејзините идни потфати. Освен тоа, сопругата на претседателот Иванов, ја поканила потпретседателката да ја посети Македонија, што е фина прилика да се урнат протоколите и да се прогласи вонредна состојба на умот.

На што се сетив: Мехрибан Алиева е една од најголемите ѕвезди во Викиликс во 2010 година (извор: американската дипломатскатска пошта), кои потоа беа објавувани во светските медиуми.

Со првата дама на Азербејџан се изострува дипломатскиот скалпел (Гардијан): по она што всушност ќе остане запаметена е постоење на сериозни проблеми со фацијална експресија.

Нејзината искривена насмевка е последица  на неверојатната серија пластични операции, најверојатно направени во странство.

Брачниот пар Алиеви

Соочете се со шокот: таа не може да ви покаже дека ви се израдувала,  дури и ако доаѓате од Македонија, каде сопругот одбива да го предаде мандатот на лидерот на опозициската партија која има парламентарно мнозинство. Таа не може ниту да покаже дека е разлутена, шокирана, бесна и огорчена заради самото постоење на една опозиција, категорија која фино, како со гумичка се поништува во нејзината диктаторска земја, која нејзиниот сопруг ја води уште од 2003 година. Со референдум во 2009, тој доби неограничен мандат, во пакет со рестрикции на слободата на медиумите. Во документите на Викилкс, Алиев се опишува како мафијашки бос, од филмот “Kум”.

Во тоа време, 2003 година, Мехрибан Алиева е само пратеник, додека денешната одушевеност на Маја Иванова ја затекна како потпретседателка на Азербејџан.

Она што дипломатите го зборуваат за неа, говори се: и покрај тоа што е пратеник, таа е едвај информирана за политиката. Конечно, никогаш не е видена да присуствува на седница на Собранието. Но, затоа е позната по нејзината љубов кон модата, огромниот гардеробер, вулгарното облекување.

Сепак, таа има огромни бизнис интереси: неколку банки, осигурителни компании, градежништво, туристички агенции, ТВ станица и што уште не. И- таа е единствен застапник за Бентли за Азербејџан. Но, но. Тоа не е се, се разбира. Нејзината колекција на современа уметност всушност е основа за формирање на новиот музеј на Баку за модерна уметност.

Синот Хејдар Алиев

Апсурдот да биде поголем, нејзиниот син на 11 години (денес има 16 год.) поседувал девет вили во Дубаи, кои чинат 44 милиони долари.

Она што секако е дополнително забавно во овие Викиликс документи, се описите на начинот на владеење на сопругот на првата дама: Илхам Алиев. Набљудувачите во Баку често нотираат дека денеска Азербејџан е воден според манирот сличен на феудализам, оној во Европа, во средниот век. Неколку добро поврзани фамилии контролираат одредени географски области, како и сектори на економија. Тие фамилии направиле таен договор, користејќи ги владините механизми, да ги држат настрана странските инвеститори. Делува познато, можеби македонски, но, секако тоа е и тајната на диктатурите- да наликуваат едни на други, но несреќни на свој начин.

Но, ако за момент се вратиме на поканата на првата дама Маја Иванова до потпретседателката Алиева, таа и се заблагодарила, велејќи и дека заеднички проекти ќе бидат плодни: здравје, култура и образование (според азербејџанските државни медиуми).

Плодноста може да се разбере докрај, ако  продолжиме да ги книжиме успесите на оваа земја,  многу слична од каде доаѓа брачниот пар Иванови: уништените човекови права и слободи, затворените новинари, блогери, активисти, судени низ политички мотивирани и нефер процеси, забраната за влез во земјата за странски меѓународни организации за човекови права и за странски новинари.

Кадија Исмаилова и нејзината адвокатка Амал Клуни

Последните мерки во Азербејџан не соодветствуваат со македонските рестрикции, но државниот врв (читајте Груевски) многу често  ги критикува и омаловажува овие организации и новинари, обвинувајќи ги дека се работи за соросови платеници, кои ја уништуваат демократската традиција на неговото владеење.

Името на Кадија Исмаилова денеска го знае светот. Оваа новинарка помина 18 месеци во затвор, иако беше осудена на 7,5 години (нејзина адвокатка беше Амал Клуни). Како критичар на диктаторскиот режим на Илхам Алиев и неговата сопруга, домаќинката на Маја Иванова, беше обвинета дека иницирала самоубиство на нејзин колега (тоа дело се повлекува подоцна), затајувала данок и ја злоупотребувала својата позиција. Денеска Кадија Исмаилова е на слобода. Но, тоа не е истата слобода која ја имаат Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, Маја Иванова. Да побараа да се сретнат со Исмаилова, за која целиот демократски свет бараше слобода, можеби ќе ја разбереа моќта на правото да се делува, говори и мисли, без препреки и ограничувања.

Но, она што Иванови го заслужија е токму средба со диктаторот Илхам Алиев и неговата сопруга. Помеѓу паузата на два реза на ножот на пластичниот хирург на Мехрибан Алиева, токму таму и припаѓаат.

Ценети како две статуи на недемократскиот свет, во одаите на Алиева, во нејзиниот гардеробер,  само таму и никаде на друго место, се разгледува важноста од нивната посета и се прават плановите за плодноста од идната соработката. Се додека Алиева не го земе следниот фустан и заборави се, трескајќи го гардероберот, кој и онака  е веќе со застарена облека. Што да се прави, така изгледаат пријателствата под покровителство на драгите диктатори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.