Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

0
By Marija Todorovska on July 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“  во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.

Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.

Како што рече, потеклото и е галичко по двете баби кои се родени таму, од фамилиите Чаловски и Веновски, а веќе десет години учествува на „Галичката свадба“ носејќи ја носијата на прабаба  ѝ Докија Чаловска.

-Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба,  но многу е важно кој ми ја исполни таа желба – му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање, истакна Стефана Димитрова.

Нејзиниот сопруг Даријан Кочоски рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинашната манифестација која секоја година ја посетуваат многу домашни гости, но и странски туристи. Се заблагодари на организаторот, Месната заедница Галичник, што ги избрала токму нив да бидат младенци на „Галичката свадба 2024“.

Институционален покровител на „Галичката свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, поддржувач е Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ веќе 50 години е партнер во организирањето на манифестацијата.

Свадбарските обичаи ќе почнат  в сабота, 13 јули, со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вечерта в сабота е и пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

Обичаите (канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето…) и обредните песни и ора ќе продолжат в недела, на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

На платото пред чешмата Упија во Галичник ќе биде обезбеден пренос, а целата манифестација во живо ќе може да се следи и на социјалните медиуми на Месната заедница Галичник.

Претседателот на МЗ Галичник, Александар Костиќ, на прес-конференцијата изрази задоволство што и по толку децении не спласнува интересот на младите да бидат дел од „Галичката свадба“.

-Напротив, интересот секоја година расте. Тоа е знак дека успеавме во нашата мисија да ги одржиме витални нашите обичаи и вредностите на традицијата која сме ја наследиле и ја пренесуваме на следните генерации, истакна Костиќ и додаде дека со поддршка на долгогодишните партнери, Галичник и годинава е подготвен на сите посетители да им ја презентира богатата и уникатна традиција.

Марија Мининчиќ од „Пивара Скопје“ истакна дека кога една соработка трае половина век, јасно е, рече, дека двете страни ги врзуваат исти вредности – „негување и грижа за традицијата и зближување на луѓето на настани кои се исполнети со позитивна енергија и заедништво“.

-Цела генерација „пиварци“ се горди на оваа поврзаност меѓу „Галичка свадба“ и „Пивара Скопје“ и на она што „Скопско“, како бренд кој годинава одбележува 100 години, се издигна на ниво како симбол на оваа исклучителна традиција, рече Мининчиќ.

Организаторите ја поканија јавноста да присуствува викендов во Галичник, но и повикаа на одговорно однесување кон природата и внимателност со фрлањето на отпадот, како и одговорно однесување во сообраќајот – возачите да не пијат алкохол и да го почитуваат сообраќајниот режим.

За почитување на „куќниот ред“ апелираше Костиќ нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за беспрекорно организирање на настанот. Тој информираше дека движење на моторни возила низ Галичник ќе биде забрането од 21 до 1 часот по полноќ во петок (12 јули), од 18 до 22 часот во сабота (13 јули) и од 7.30 до 15 часот во недела (14 јули), односно забраната ќе важи и надвор од овие термини доколку се утврди потреба.

Од 12 до 14 јули не е дозволено ниту паркирање кај црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ , на Упија и секаде каде што ќе се одвива свадбата. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети со „пајак“

галичка свадба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.