НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт Департмент: 10-те лажни оправдувања на Путин во однос на Украина

0
By Нова ТВ on March 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Стејт Депармент објави соопштение со 10 факти според кои Русија „лажно“ се оправдува во однос на својата интервенција во Украина.

– Спиновите преку кои Русија ги оправдува нелегалните дејствија во Украина, се нешто што светот не го видел од времето кога Достоевски напиша „два плус два се пет“.

Фикцијата на Путин: 10-те лажни тврдења:

1. Господин Путин вели: Руските сили во Крим дејствуваат само за да ги заштитат руските воени поседувања. Граѓаните а не руските сили се тие кои ги заземаа инфраструктурните и воените објекти во Крим.

– Фактот е дека силните докази се тие кои уверуваат дека членови на руските безбедносни служби се во основата на високо организираните анти-украински сили во Крим. Додека овие единици носат униформа без обележја, возат превозни средства со руски воени таблички, а прашани од меѓународните медиуми, се идентификуваат како руски безбедносни сили. Освен тоа, овие индивидуалци се вооружени со оружје недостапно за цивилното население.

2. Путин вели: Дејствата на Русија спаѓаат во доменот на Договорот за пријателство од 1997 година помеѓу Украина и Руската Федерација.

– Фактот вели дека договорот од 1997 година бара почит од Русија кон територијалниот интегритет на Украина. Руската воена интервенција во Украина, која им дозволи да го контролираат Крим, се чист прекшок врз територијалниот интегритет и независноста на Украина.

3. Путин вели: Опозицијата не успеа да го спроведе договорот со украинскиот претседател Виктор Јанукович од 21.февруари.

Фактот вели во договорот од 21. февруари изложен е план во кој Рада, или Собранието, ќе донесе закон да се врати Уставот од 2004 година, со што би се вратила земјата на уставниот систем центриран околу Парламентот. Под условите на договорот, Јанукович требаше да стави потпис во рок 24 часа и да ја заврши кризата на мирен начин. Јанукович одби да го одржи својот дел од договорот. Наместо тоа, тој се спакува и побегна, оставајќи зад себе доказ за широк обем на корупција.

4. Путин вели: Владата во Украина е нелигитимна. Јанукович е сеуште легитимниот лидер на Украина.

Според фактите, на 4.март, самиот Путин изјави дека Јанукович нема политичка иднина. Откако Јанукович ја напушти земјата, дури и неговата партија се сврти против него, гласајќи негово отпуштање од канцеларијата, давајќи поддшрка за новата Влада. Новата влада на Украина беше одобрена од демократски-избраниот украински Парламент со 371 глас, повеќе од 82%. Привремената влада на Украина е влада на народот, која ќе го води народот кон демократски избори на 25.мај – избори кој на сите Украинци ќе им дозволи глас за иднината на нивната земја.

5. Има хуманитарна криза, и стотици илјади Украинци бараат азил во Русија, вели Путин.

– До денес, нема апсолутно никаков доказ за хуманитарна криза. Ниту има доказ за огромно барање за азил од Украина кон Русија. Меѓународните организации зборувајќи со граничните службеници на Украина, на терен го испитуваа ова, а истите тврдења се негирани. Независните новинари кои ја набљудуваат границата, исто така, тврдат дека нема таква поплава од бегалци.

6. Путин изјави: Етничките Руси се под закана.

Фактите велат надвор од рускиот печат и руската државна телевизија, не постојат веродостојни извештаи дека етничките Руси се под закана. Приоритет за новата украинска влада се мир и помирување од самиот почеток. Претседател Олександар Турчинов одби да потпише законодавство за ограничување на употребата на рускиот јазик на регионално ниво. Етничките Руси и говорниците на рускиот јазик поднесоа петиции потврдувајќи дека нивните заедници не почувствувале закана. Покрај тоа, од основањето на новата влада, се врати и мирот во Киев. Нема пораст на криминалот, нема грабежи, и нема одмазда против политичките противници.

7. Според Путин, руските бази се под закана.

-Фактите укажуваат дека руските воени објекти биле и се безбедни, а новата украинска влада даде завет дека ќе ги почитува постоечките меѓународни договори, вклучувајќи ги и тие за руските бази.Украинските бази во Крим се тие кои што се под закана од руската воена интервенција.

8. Путин вели: Имаше масовни напади на цркви и синагоги во јужниот и источниот дел на Украина.

Факт: Религиозните лидери во земјата, и активните меѓународни чувари на слободата на религијата во Украина, изјавија дека немало инциденти или напади на цркви. Сите лидери на црквите во Украина, вклучувајќи ги и претставниците на Украинската Христијанска Црква- Московската Патријаршија, изразија поддршка за новото политичко раковоство, упатувајќи апел за национално заедништво и период на заздравување. Еврејските групи во јужна и источна Украина соопштија дека немаат забележано зголеменост на анти-семитски инциденти.

9. „Киев се обидува да го дестабилизира Крим“, изјави Путин.

Привремената влада на Украина постапи со воздржаност и бара дијалог. Руските трупи, од друга страна, се придвижија преку нивните бази за да ги заземат политичките објекти и инфраструктура во Крим. Владата во Киев веднаш го испрати поранешниот началник за одбрана да ја смири ситуацијата. Петро Порошенко, најновиот владин мисионер за дијалог во Крим, беше спречен да влезе во кримската Рада.

10. Путин вели: Рада е под влијание на екстремисти и терористи

Фактите зборуваат дека Рада е најрепрезентативната институција во Украина. Новото законодавство помина со големи мнозинства, вклучително и од претставниците на источна Украина. Крајно-десничарското ултранационалистичко крило, дел од нив инволвирани во отворените судири со безбедносните сили за време на протестите на Мајдан, не се застапени во Рада. Нема индикации дека украинската влада е во потрага на дискриминаторска политика, напротив, таа јавно го изјави спротивното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.