Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Македонија е корумпирана, а правдата не ги стига „одбраните“

0
By Сашка Цветковска on June 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најзначачајните проблеми во врска со човековите права произлегуваат од значителното ниво на корупција и неуспехот на владата да го почитува владеењето на правото, вклучително и постојатно напори да се ограничи слободата на медиумите, мешање во судството и селективно гонење. Судскиот систем го карактеризираат политичко мешање, неефикасност, фаворизирање на добро позиционирани лица, продолжени процеси, прекршување на правото на јавно судење и корупцијата.

Извештајот на Стејт департментот нотира и постоење на политички затвореници во Македонија, а ги наведува случаите на претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ и очниот хирург и поранешен лидер на синдикатот на лекарите, како и водач на штрајкот во здравството Дејан Ставриќ.

Извештајот ги критикува и партиските вработувања констатирајќи дека „членството во владејачката партија е задолжително за вработување во јавната администрација“. Лустрацијата, и оваа, како и минатата година во извештајот е окарактеризирана како „политички мотивирана“ чија цел е оцрнување или „напад на политичките противници или нелојалните соработници“. Извештајот на Стејт Департментот го легитимира и извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права повикувајќи се на нивните наоди дека една третина од лустрираните, всушност, самите биле жртви на тајните служби ,а не соработници.

Најдолгата секција во извештајот полна со критики е онаа за слободата на медиумите. Извештајот се осврнува во повеќе редови на случајот со затворениот новинар Томислав Кежаровски, на притисоците врз медиумите од страна на власта и на трошењата јавни пари за реклами на власта во медиумите како средство за поткуп.

„Индивидуалци можат да ја критикуваат владата јавно или приватно, но има кредибилни извештаи дека владата се обидува да ја попречи критиката во медиумите преку насочување на парите за рекламирање директно во медиумите кои се провладини“, констатира извештајот дополнувајќи дека владата и оваа година била број еден огласувач во земјата.

„Индивидуалци или организации кои изгледаат дека се во блиски релации со актуелната влада ги поседуваат најголемиот број од маинстрим медиумите. Многу ограничен број на независни медиумски гласила изразуваат различни гледишта без рестрикции. Медиумите продолжуваат да бидат поделени по етничка и политичка линија. Маинстрим медиумите ретко ја критикуваат власта. Многу од медиумите се зависни од парите од владата како најголем огласувач и како такви се предмет на притисок да избегнуваат да ја критикуваат“, се вели во извештајот кој, исто така, се осврнува на фактот дека многу од провладините медиуми биле пристрасни на страна на владејачката партија за време на минатогодишните парламентарни и претседателски избори.

Споменат е и случајот со отпуштањето на главниот уредник на весникот „Нова Македонија„ Зоран Димитровски, од „наводно политички причини, тужбата за клевета на екс-директорот Сашо Мијалков против весникот „Фокус“ и новинарите Владо Апостолов и Јадранка Костова, како и тужбата за клевета на премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Македонска банка“.

Нотирани се и извештаи од провладините новинари кои сведочат дека се под притисок и зголемена автоцензура, како и дека повиците од лицата во власта кои им кажуваат што и како треба да известуваат се чести

На адреса на минатогодишните избори извештајот се повикува на заклучоците на ОБСЕ/ОДИХР, односно непостоење јасна граница помеѓу партијата и државата, користење на државни ресурси во партиски цели, пристрасност на медиумите и заплашувања и поткуп на гласачи.

„За време на минатата година имаше кредибилни извештаи дека власта се меша во случаите од висок профил кое што вклучува злоупотреба на службената положба или злоупотреба на официјални позиции за да се заплашуваат клучните опозициски лидери. Полициската и судската корупција остануваат проблем“, вели извештајот во делот за справување со корупцијата.

Случаите на одлуката на јавниот обвинител Марко Зврлевски да не го отвори случајот „Македонска банка“ којшто го обелодени опозицијата, а кој го инволвира премиерот Никола Груевски и случајот со Владо Бучковски и армиските делови Стејт Департментот ги идентификува како примери за селективна правда.

Едни од најжестоките критики се и на адреса на Антикорупциската комисија, којашто според извештајот потфрлила во својата работа да ја истражи веродостојноста на податоците за имотот на функционерите. Извештајот, исто така, констатира и проблеми со функционирањето на Законот за слободен пристап до информации и констатира дека власта крие информации од граѓаните кои се однесуваат на трошењето на народните пари и јавните набавки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.