Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоев: Наша заедничка цел е Северна Македонија да започне преговори за членство во ЕУ

0
By НОВА ТВ on August 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вложивме многу време и напори да воспоставиме прагматичен дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и Северна Македонија и да постигнеме договори што ќе бидат прифатени во иднина од следната политичка Влада во Софија и ќе послужат како основа за продолжување на преговарачкиот процес со Скопје и кон остварување на заедничката цел – Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија, вели бугарскиот технички министер за надворешни работи Светлан Стоев во интервју за софиски „24 часа“.

– Во текот на последните два месеци инвестиравме сериозно време и напори за да го водиме овој процес во позитивна и конструктивна насока, нагласува Стоев.

Според него, целта била да се фокусираат на прагматичниот пристап кон дијалогот, а не на емоциите, за да се изнајдат „можни работни формули“ што би овозможиле почеток на преговори на земјава за членство во ЕУ, па во таа насока биле и сите разговори водени на највисоко, но и на ниво на работни групи помеѓу двете групи министерва за надворешни работи.

– Наспроти ова, за жал, се појавуваат нови предизвици во билатералната агенда на Бугарија и Република Северна Македонија. Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година, дојде во време кога нашиот дијалог почнуваше да преминува во попозитивна и ветувачка фаза. Ваквите акции не само што имаат за цел да ја ослабат позитивната билатерална динамика во последните месеци, туку и да го стеснат полето на можности за компромис, оценува Стоев.

Тој нагласува дека се потребни решителна волја и одговорност за надминување на проблемите наследени од минатото, без да се поставуваат нови пречки за отворен и искрен дијалог.

– Секој чекор назад не само што ги омаловажува напорите направени и го доведува во прашање она што е постигнато досега, туку и го попречува воспоставувањето атмосфера на доверба и отворена комуникација, смета шефот на бугарската дипломатија.

Тој нагласува дека Бугарија внимателно ќе ја аналиизра усвоената Резолуција со цел да утврадат дали нејзината содржина е во согласност со Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, како и нејзиниот потенцијално влијание на сегашниот дијалог.

– Едно нешто дефинитивно треба да биде јасно – за Бугарија е неприфатливо со вакви постапки да се мотивира или оправдува неисполнувањето на билатералниот договор, смета Стоев.

Тој потенцира дека актуелните проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да се решат на билатерална основа, преку директни и отворени преговори, нагласувајќи дека смета оти не е неопходена „интервенција“ на останатите земји членки на ЕУ во тој процес.

– Бугарија е конструктивен партнер и не сака да внесе нерешени билатерални прашања во ЕУ. Ова не е во интерес ни на самата Унија. Треба да се сфати дека темата е исклучително важна за нашата земја и за тоа постои национален консензус. Се потпираме на солидарноста на нашите европски партнери, што е основниот принцип во Унијата, кога една земја кандидат треба да започне преговори, порачува Стоев.

Тој признава дека преговарачкиот процес не е лесен, бидејќи станува збор за темите кои се чувствителни и за Бугарија и за Северна Македонија, но како што нагласува работа на дипломатите е да промовирааат зближување и да најдат можно решение во интерес на двете земји.

– Важно е да продолжи дијалогот што го интензивиравме во последните месеци, но од суштинско значење, во однос на довербата, е Република Северна Македонија да ги спроведе договорите постигнати со добра волја. Бидејќи целта ни е заедничка – Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија. Ова би било можно доколку се надминат искушенијата за политизација на прашањата и политичките лидери во Скопје преземат одговорност за своите граѓани и нивната иднина, додава Стоев.

Тој во интервјуто се осврнува и на како што вели „проблемите што граѓаните со бугарска самосвест ги доживуваат во Република Северна Македонија“, посочувајќи дека „во многу случаи, тие стануваат жртви на нееднаков третман само заради изразување на бугарската самосвест“.

– Токму кон овие граѓани се користи јазикот на омраза. Ова е неприфатливо. Во овој контекст, гарантирањето на уставните права на граѓаните со бугарска самосвест, заедно со сите останати граѓани на Република Северна Македонија, без дискриминација, ќе реши голем број проблеми, заклучува бугарскиот министер за надворешни работи во интервјуто за „24 часа“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.