Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека ќе свика состанок во Брисел на високи претставници од Финска, од Шведска и од Турција, во обид да се надмине противењето на Анкара за пристапување на двете скандинавски земји во Алијансата.
„Убеден сум дека ќе најдеме пат за напред“, рече тој, но не наведе детали.
Столтенберг додаде дека негова цел е да се стави крај на спорот пред самитот на НАТО на 28 јуни во Мадрид.
Поради новата безбедносна ситуација што настана на почетокот на руската инвазија врз Украина, Финска и Шведска минатиот месец поднесоа барање за влез во НАТО.