НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: НАТО е подготвен да интервенира на Косово ако е потребно

0
By Sashko on August 17, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнево се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со кого разговарале за последните инциденти на северот на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

По Вучиќ, Столтенберг попладнево ќе се сретне и со косовскиот премиер, Албин Курти.

Ситуацијата на северот на Косово на крајот на јуни се вжешти по одлуката на косовската влада да им бара на Србите од Косово влез со привремени документи, наместо српски лични документи, и побара да бидат сменети регистарските таблички на возилата од српски на косовски во рок од два месеца.

Ситуацијата набрзо се смири, но никој во регионот, но и во НАТО и ЕУ не исклучува повторна ескалација.

Столтенберг, на заедничката прес-конференција со Вучиќ порача дека КФОР, мисијата на НАТО на Косово, е подготвен да реагира брзо и пропорционално во случај на ескалација.

„Ситуација на терен е подобрена. Доколку стабилноста биде загрозена, подготвени сме да интервенираме и да ја обезбедниме стабилноста и безбедноста и слободното движење на сите лица на северно Косово“, рече шефот на НАТО, повикувајќи ги лидерите на двете земји да избегнуваат насилството и ескалација.

За првиот човек на Северноатлантската алијанса, единствениот пат напред е дијалогот меѓу Белград и Приштина во рамки на ЕУ. Утре во Брисел се одржува нова рунда разговори овој пат меѓу двајцата лидери – Вучиќ и Курти.

„НАТО е подготвен да интервенира во пократок рок, таму имаме сили, ќе бидат распоредени таму каде што е потребно, го зголемивме присуството на северот, детаљно сум известен за можностите на распределување, одговорот ќе биде пропорционален“, рече Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за деталите за можна интервенција.

КФОР располага со, речиси, 4.000 војници на Косово и НАТО е уверен дека тоа помага за решавање на состојбата.

Претседателот на Србија од своја страна изрази благодарност до Јенс Столтенберг што ја сослуша српската страна. Вучиќ најостро ги отфрли обвинувањата кои доаѓаат од Приштина дека српската војска и полиција нелегално ја преминале границата, или административната линија како што ја нарекува официјално Белград. Шефот на српската држава рече дека тоа се лаги и му се заблагодари на НАТО што не се служи со слични обвинувања кон Србија.

Како аргумент дека косовската страна „шири невистини“, Вучиќ изјави дека „со месеци“ се слушаат предупредувања дека Србија „ќе изврши инвазија во соседните земји“.

„Слушаме за можноста Србија да изврши инвазија на некои други земји во регионот, но ете гледаме дека тоа до сега не се случило, навистина лажеа“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека е уверен оти благодарение на добрата комуникација на Србија со КФОР и НАТО на терен е избегната сериозна ескалација на крајот на јуни. Тој повтори дека ја почитува мисијата на НАТО, согласно резолуциите на Обединетите Нации, и дека е во постојан контакт со мисијата.

Конечно српскиот претседател ги отфрли шпекулациите дека ќе се даде дозвола за руска воена база на српска територија.

„На Србија не ѝ се потребни ничии воени бази. Таа е неутрална и сака само да ги обезбеди своето небо, земја, територија и население“, истакна Вучиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.