Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг порача: НАТО со засилено присуство во источна и југоисточна Европа

0
By Ivana on February 16, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО се координира за да го засили своето присуство во источна и југоисточна Европа, и покрај сигналите од Москва за дипломатско решение, Западот се подготвува за „ново нормално“ во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево се обрати пред медиумите за исходот од седницата на северноатлантскиот совет на министрите за одбрана на НАТО. Дискусиите биле содржајни, рече тој. Сигналите од Москва дека постои волја за дипломатско решение на украинската криза влеваат умерена доза на оптимизам, но не и увереност сѐ додека Русија не покаже на дело деескалација.

-Она што го гледаме денеска е дека Русија одржува масовна сила подготвена да нападне и високи капацитети од Крим до Белорусија, рече генералниот секретар.

НАТО останува подготвен за дијалог со Русија но “време е Русија да се повлече од работ на конфликтот“, ова е пораката на 30-те земји сојузнички.

Алијансата сѐ уште чека одговор од Москва за предлозите испратени на 26 јануари кои содржат понуда за дискусија околу теми како контрола на оружјето, намалување на ризиците и зголемена транспарентност, но се одбива категорично да се разговара за договор кој би спречил земји како Украина да се зачленат во НАТО, како што бара Русија.

Иако Москва најави и покажа снимки од оклопни возила кои ги повлекуваат силите од украинската граница, НАТО вели дека ова не соодветствува со внатрешните безбедносни информации, ниту со комерцијалните сателитски податоци, и дека напротив Русија од минатата година постојано го засилува своето воено присуство, како и способноста да нападне брзо и без предупредување.

-Бевме многу транспарентни, разузнавачките информации се потврдија, вклучително и преку комерцијални сателитски слики, тешко е да се негира дека Русија собра над сто илјади трупи и тешка опрема, ова беше предвидено од нашите служби, и покрај тоа што Русија го негираше, тоа се случи, одговори Столтенберг на новинарско прашање зашто јавноста би требало да му верува на НАТО повеќе отколку на Русија.

Столтенберг додаде дека НАТО не може да знае кои се намерите на Москва, единствено што знае е кој е воениот капацитет со кој Русија располага и дека фактот што се случува најголемата воена концентрација од Студената војна е само по себе причина за загриженост.

Неизвесноста на истокот на Европа и недостатокот на јасна комуникација помеѓу НАТО и Русија води до “за жал“ во “ново нормално“, рече шефот на Алијансата.

-Новото нормално е што Русија покажа дека е волна да ги доведе во прашање темелните принципи на нашата безбедноста, правото на земјите да го одберат својот пат и да се бранат едни со други, тие сугерираа повелба која ги нарушува овие принципи, изјави Столтенберг на прес конференцијата. Според него овие е принципи се темелот на безбедноста и стабилноста во Европа со децении и тој додаде дека жали што “не знаеме што ќе се случи“.

Во овој контекст земјите членки на НАТО денеска разговарале за дополнително распоредување на воени капацитети во источна и југоисточна Европа.

-Русија користи сила да ги натера земјите и да ги промени принципите, затоа ни се потребни прилагодувања на долг рок на позициите на НАТО на исток, не ја прејудицирам конечната одлука, додаде генералниот секретар и објасни дека за ова допрва ќе се дискутира и ќе се консултираат надлежните за потенцијални нови борбени групи на исток, југоисток, и во црното море.

Романија веќе изрази подготвеност да прими нови борбени групи, а Франција да ги води. Други земји од регионот искажале подготвеност, но Столтенберг не ги именуваше.

НАТО сака да ги увери земјите сојузнички на истокот дека ќе стори сѐ за да ги одбрани доколку биде потребно.

Истовремено генералниот секретар се заложи и дека Украина ќе биде подобро обучена и подобро опремена одошто беше во 2014 кога започна војната со Русија. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.