Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот туризам со најслаби бројки во регионот, закрепнување најрано во 2023 година

0
By Ivana on September 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загрижувачко намалување на бројот домашни и странски туристи, како и ноќевања, покажуваат официјалните статистички податоци за периодот јануари – јули 2021 во однос на истиот период во 2019 година, пред корона пандемијата. Ова намалување е најголемо споредбено со сите земји од регионот, што упатува на заклучокот дека мерките за позиционирање на земјава како дестинација на меѓународниот туристички пазар се најслаби од сите држави во регионот, а загубата на бројот туристи и ноќевања е процентуално највисока, оценува Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија.

Според Здружението, македонскиот туристички сектор е во лоша сосотојба и се уште има потреба од поддршка. Предвидувањата се дека бавно ќе закрепнува. Се очекува намалувањето на туристи и ноќевања за 2021 година да биде околу 60 отсто, а во 2022 година да изнесува приближно 40 проценти доколку не се променат пристапот и политиките. Обновување на пазарот и достигнување на перформансите од 2019 година се очекува најрано во 2023 година, а најдоцна до 2025 година.

За секторот од особено значење е и запознавање на странските партнери со условите, мерките и политиките кои се применуваат во однос на справувањето со пандемијата, додава Здружението. Од тоа зависи каква ќе биде перцепцијата однадвор за Северна Македонија како туристичка дестинација. Потребна е промоција во земјите од регионот, во географски радиус од 600 километри, а одржувањето и зајакнувањето на односите со поголемите странски тур-оператори со кои негуваме традиционална соработка преку директна комуникација на сите нивоа, мора да биде врвен приоритет. Истото се однесува и на односите со авионските компании кои оперираат кон и од земјава.

-Периодот јануари – јули 2021 за разлика од првите седум месеци во 2019 година, бележи просечно намалување на бројот туристи за 80 отсто и 77 проценти на реализираните ноќевања од традиционалните пазари – Австрија, Холандија, Полска, Белгија, Турција. Малку поблаг е падот на туристи и ноќевања од соседните земји, за 57 отсто на бројот туристи и за 51 процент на бројот  ноќевања. Според видот на туристички места, пак, се забележува сличен драматичен пад на прометот при што највисоко намалување на бројот туристи бележи Скопје, 53 отсто, а по него следуваат – езерски туристички места со намалување од 44 проценти и бањски туристички места со пад од 35 отсто. Најмал пад на бројот на туристи е забележан во планинските туристички места кои биле посетени од 22 отсто помалку туристи. Позитивен тренд е забележан само во издавањето куќи и станови за одмор, како и преноќишта, наведува Здружението.

Овие податоци, подвлекува, говорат за катастрофата со која се соочува секторот и за потребата од натамошна поддршка.

-За сето ова, навреме укажавме и како одговорна организација навремено подготвивме две студии и сет решенија кои, за жал, или не се применуваа или парцијално се применуваа или, пак, нивната примена се одолговлекуваше и доцнеше до момент на целосно губење на смислата на таквата мерка. За да се избегне подолга потреба од поддршка на работните места, паралелно треба да биде поддржана и дестинацијата за да се подобрат перформансите кои во моментов се најслаби во регионов и за да се ослободи секторот од потребата за поддршка на работните места. Споредбената статистика со 2019 година покажува дека секторот се уште ги исполнува критериумите за поддршка кои беа услов за помош на вработените во 2019 година, а тоа го потврдува и споредбената статистика на перформансите на дестинацијата за 2021-ва во однос на 2019 година, посочуваат од Здружението.

Според Заводот за статистика, во периодот јануари – јули 2021 споредбено со 2019 година бележиме намалување на бројот туристи за 305.000 или за 50 отсто. Бројот на домашните туристи се намалил за 26.000 или за 12 процента, а бројот на странски туристи за 280.000 што е пад за 68 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.