Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Последиците од ковид кризата мора да се надополнат со забразн раст

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии Фатмир Бесими го презентира Планот за економски раст пред претставници на компаниите членки на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ).

Како што соопштија денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, клучни компоненти во Планот за економски раст се зголемени инвестиции од четири милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до пет отсто и обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60 отсто од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на три отсто.

Министерот Бесими, како што се наведува, кажа дека е ова оквирен план што ќе ги обедини сите механизми и алатки за поддршка на инвестициските активности на државата на едно место и произлегува од сумираните извештаи на годишната конференција „Скопје економски финансиски форум 2021“, кој од идната година ќе се организира заедно со бизнис секторот.

Во дискусијата учествуваа поголем број македонски бизнисмени подржувајќи ги контурите на планот и укажаа на повеќе сегменти, кои се исклучително важни при неговото конципирање. Однапред дефинирани критериуми, соодветна законска регулатива, форсирање на обновливите извори на енергија, погрешните субвенции во агросекторот, исклучително лошата состојба во градежништвото, состојбата со пазарот на работна сила, детални анализи за гранките што можат да испорачаат додадена вредност, се само дел од забелешките и мислењата кои ги истакнаа бизнисмените.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески го поздрави континуираниот дијалог со Министерството за финансии и укажа на деталното објаснување на одредени параметри од клучно значење за имплементација на планот, како што се: јасно прецизирање дека нема да има зголемување на даноците, јасно прецизирање на улогата на приватниот сектор во целиот план и форсирање на петте клучни приоритети на приватниот сектор, како што се: енергичната борба против сивата економија и корупцијата, забрзувањето на процесот на гасификација, поддршката на извозните компании, средување на состојбите во јавната администрација итн.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.