НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопирани се трансплантациите на бубрег

0
By Менче Атанасова Точи on April 16, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за Урологија веќе втор месец не се пресадуваат бубрези, а нема најави дека наскоро ќе започнат да се изведуваат ваков вид трансплантации. Иако во текот на летото се избегнува да се прават трансплантации, лекарите се зачудени зошто во септември кога требаше да започне вообичаената динамика, пресадувањата се запрени.

Во лекарските кругови се шират повеќе верзии, почувајќи од тоа дека имало неколку смртни случаи, дека затајува постоперативниот тек за којс е грижат на Клиниката за нефрологија, до тоа дека на големо се планира отварање на Центар за трансплантација во градската болница „8 Септември“. , во просториите каде што е сместена кардиохирургијата „Филип Втори“. Според повеќе извори кои с едобро упатени во проблематиката со Центарот би раководел искусниот хирург Живко Поповски, инаку близок до владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Неофицијално, наредбата да се стопираат операциите стигнала од „горе“, но официјална потврда за такво нешто нема. Но, изјавите на сите одговорни фактори кои ги контактираше НОВА, се многу контрадикторни.

Националниот координатор, др. Аспазија Софијанова за НОВА потврди дека се стопирани трансплантациите но, само од жив дарител. Таа тврди дека заради претпазливост се работи на адаптирање на испитувањата кои ќе гарантираат поголема податност, а со тоа и подолго преживувањље на пациентите.

„Ги адаптираме испитувањата на Клиниката за трансфузиологија и на Институтот за имунологија, се со цел да се избегне отфрлање на пресадениот бубрег и пациентите да имаат подолг век на преживување“, изјави за НОВА Софијанова.

Сепак, таа призна дека комуникацијата во тимот за подготовка на пациентите за трансплатација, треба да се подигне на повисоко ниво. Софијанова рече дека знае за идејата за отворање на Центар за трансплантација во градската болница „8 Септември“, ја поздрави, но само кога тој би бил дел од јавното здравство.

Директорот на Клиниката за урологија Михаил Пенев ваквиот застој го оправда со реновирање на дел од Центарот за трансплантација кој с енаоѓа на клиниката.

„Реновираме нешто минимално, но и тимовите одат низ градовите во внатрешноста да бараат парови за донирање. Немам добиено никаква наредба од Министертво да се стопираат трансплантациите“, изјави кратко Пенев.

Од друга страна, во Министертвото за здравство велат дека Програмата за трансплантација се спроведува во континуитет и најважно за пациентите е дека нема листа на чекање за трансплантација, односно континуирано се идентификуваат пациенти со потенцијални донори за трансплантација и се вршат сите потребни анализи и испитувања.

„Континуирано се посетуваат центрите за дијализа од страна на претставници од Универзитетската клиника за нефрологија во соработка со Министерството за здравство, кои индивидуално разговараат со пациентите, со цел да ги информираат и едуцираат за методот на трансплантација. Воедно, на овој начин се идентификуваат пациенти со потенцијален донор, како и пациенти кои се заинтересирани за кадаверична трансплантација. Во тек се посетите на центрите за дијализа на подрачјето на Скопје, а веќе се изготвува распоред за посета на останатите центри низ државата“, се вели во писмениот одговор од Минстерството за здравство.

Од таму потенцираат дека на Клиника за урологија во тек е реновирање на санитарните јазли и генерално чистење и стерилизирање на Центарот за трансплантација, во насока на унапредување на условите за пациентите. Никаде не стои дека има застој на трансплантациите иако тоа го потврдува и директорот Пенев и Нациналниот координатор Софијанова.

Но, не само што не вршат трнаплантации во последните два месеца, тие бележат драстичен пад иуште од почетокот на годината. Од јануари до сега се направени се само 12 пресадувања на бубрег, од кои девет се од жив дарител и три од починат, односно кадараверична трансплантција. Во изминатите две години пак, беа направени во просек по 40 трансплантации годишно.

Во Фондот за здравство пак, велат дека воопшто не знаат се стопирани трансплантациите, ниту пак издале наредба за такво нешто.

„Ние имаме буџет за таа намена , а Клиниката за урологија си прави план. За пресадување на бубрег клиниката добива од 5000 до 6000 евра, а за кадаверична трасплантација околу 10 000 евра.“. Средствата понатаму треба тие да си ги распоредуваат“, веалт во Фондот за здравство.

Дел од лекарите кои се инволвирани во процесот на трансплантацијата што ги контактираше НОВА, потврдуваат дека имало неколку смртни случаи и вината ја наоѓаат, во како што велат политиката на вакви одговорни места наместо искусни лекари, да се назначуваат„партиски послушници“ без искуство. Особено се револтирани што за координатор на Клиниката за нефрологија била поставена докторка со едногодишно искуство во областа на нефрологијата.

„Потребен е стручен кадар со искуство во оваа област, со лична и морална одговорност“, велат лекари за НОВА, кои сакаат да останат анонимни. Лекарите потенцираат дека операцијата е рутина која трае три часа, се останато во постоперативниот тек и понатамошното лекување е одговорност на нефролозите. А, тука очигледно тука нешто затајува, потенцираат лекарски извори.

Лекарите велат дека работат ентузијастички, не им се плаќа екстра услуга како што ветил министерот Тодоров, иако Фондот ги плаќа операциите на клиниката. Обвинуваат дека, во делот на кадаверичната трансплантација им се ветувале некои работи на семејствата доколку се согласат да ги донираат органите од починатиот.

„Им се ветуваше дека ќе бидат покриени погребните трошоци, дека ќе вработат некој член од семејството. Сега нема ништо од тоа. Нема ниту кампањи за подигнување на јавната свест на граѓаните за донирање на органи од починат дарител, односно со мозочна смрт“, велат истите извори.

Револтирани се што после 40 години искуство во оваа област, трансплантацијата згаснува.

Од друга стран, во лекарските кругови се шпекулира дека целата работа околу застојот на трансплантациите е да се направи вештачка криза, бидејќи се подготвува Центар за трансплантции во градската болница, кој би го раководел Попов. Според, непотврдените информации се чека кардиохирургот Жан Митрев да ги испразни просториите на двата спрата во болницата кога ќе се сели во новиот објект, а на тоа место да се отвори Центар за трансплантација.

Директорот на градската болница „8 Септември“ вели дека не бил известен за такво нешто и дека во болницата веќе имаат планови како да се искористи тој простор, да се отвори неврохирургија, спортска траума и слично. Но, вели дека слушнал за таа идеја. И тој го подржува отварањето на таков Центар, но само доколку тој биде дел од јавното здравство.

„Доколку биде дел од јавното здравство го поздравувам отварањето на ваков Ценатар. Но, да не се случи преку ноќ да се претвори во приватен, како што беше случај со кардиохирургијата на Жан Митрев“, изјави за НОВА Сашо Стојчев директор на градската болница „8 Септември“.

Во Здружението на болни на дијализа шикирани се од застојот на трансплантациите, а образложението кое го добиле од директорот Пенев било исти- се реновира. Но, велат убедени се дека зад сето ова постојат некои други работи.

„Проблемот е системски, шкрипи нешто во организацијата. Згора на се и државата не застана зад проектот особено, во подршка на кадараверичната трансплантација. Нема кампања за подигнување на свеста на граѓаните, а новиот Закон за трансплантација не одговара на менталитетот на граѓаните. Значи треба многу работи да се направат бидењјќи од медицински, социјален и економски аспект ова е едниствениот и најдобар начин на лекување на пациентите на кои им откажале бубрезите“, изјави за НОВА ДР. Љубинко Трепеновски од Здружението Нефрон.

Попов во моментот работи во една приватна болница, каде што исто така слушнале за идејата за отварање на ваков Центар, но немаат официјална потврда за тоа. Хирургот не беше достапен за информација.

И додека во јавноста излегуваат контардикторни информации зошто се стопирани трансплантациите околу 500 луѓе кои се наоѓаат на дијализа, чекаат на листата да им биде пресаден бубрег. . Еуфоријата и големата промоција стивнаа.

Нема кампања за подигнување на јавната свест за донирање на органи, а нема ниту финансиски средства предвидени за тоа. За разлика од трансплантациите , особено кадаверичаната која може да спаси многу животи, Владата финасира кампањи против правото на избор на абортус, за здрава храна, против луѓето со поинаква сексуална ориентација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.