Неколку ожалостени семејства денеска ја напуштија болничката мртовечница во југоисточна Кенија, откако ги идентификуваа посмртните останки на своите најблиски кои ги загубија животите откако беа изгладнети од водач на секта, соопштија денеска кениските власти. Досега успешно се идентификувани само 35 тела, а стотици семејства чекаат идентификација за да ги добијат посмртните останки на своите најблиски и да ги погребаат.